Зошто антибиотиците предизвикуваат кандидијаза?
- Антибиотиците ги уништуваат штетните бактерии, но исто така можат да ги уништат и здравите бактерии во цревната флора. Како резултат на тоа, рамнотежата помеѓу корисните и штетните бактерии може да се наруши и да се предизвика прекумерен раст на кандида во телото која е причина за развивање на фунгалната инфекција – кандидијаза.
Дали може да добиете кандидијаза две недели по завршувањето на антибиотиците?
- Да, кандидијазата најчесто се манифестира по завршување на антибиотски третман. Тоа е затоа што габата може да има стабилен раст.
Затоа, не е невообичаено прекумерниот раст на габата да се појави две недели по завршувањето на антибиотиците.
Кои антибиотици може да предизвикаат кандидијаза?
- Неколку видови на антибиотици може да предизвикаат кандидијаза.
Сепак, најчестите типови се тетрациклини (како што се доксициклин, миноциклин или еравациклин) кои генерално се препишуваат за лекување на инфекции на кожата како што се акни или сексуално пренсливи инфекции.
Други примери вклучуваат кинолони (како моксифлоксацин или левофлоксацин), кои се препишуваат за лекување, меѓу другото, за инфекции на уринарниот тракт, пневмонија и бронхитис.
Потоа, одредени пеницилини со широк спектар, како што е ампицилинот, исто така може да предизвикаат кандидијаза.
Најважно од се, мора да се спомене дека оваа листа не е исцрпна бидејќи многу други видови на антибиотици можат да предизвикаат и габични инфекции. Овие се само најчестите.
Што можам да направам за да спречам кандидијаза додека земам антибиотици?
- За среќа, постојат специфични докажани начини да се спречи развојот на габична инфекција додека земате антибиотици до одредена мера.
На пример, одличен начин да е да започнете да земате пробиотици кои помагаат во проблемот со антибиотиците кои ги уништуваат здравите бактерии.
Во основа, пробиотиците помагаат повторно да се обноват добрите бактерии, така што тоа е нешто што треба да се земе предвид кога станува збор за спречување на кандидијаза. Имено, тие ќе се погрижат вашиот имунолошки систем да не страда премногу од антибиотиците и да помогне да се спречи прекумерен раст на габата.
Потоа, можете да направите некои промени во вашата дневна исхрана и да вклучите храна како јогурт или ферментирана храна како кисела зелка при што би можело да резултира на многу природен начин да се спречи кандидијазата.
Исто така, се препорачува да се внесат зачини како лук и куркума во исхраната заради нивните антигабични својства.
Дополнително, намалувањето на шеќерот исто така би бил мудар избор во борбата против кандидијаза.