Секоја од нас има некоја мејкап рутина, но секогаш сакаме да ги следиме новите трендови во шминкањето и да видиме и слушнеме што ни кажуваат стручњаците. Еве неколку корисни совети од мејкап стручњаците кои морате да ги имате на ум при следното шминкање.
- Клучна работа е добро огледало. Најдобро е она кое е големо, добро осветлено и свртено нагоре, за да можете да ја подигнете брадата додека се шминакте. Тоа е најдобра позиција за шминкање на очите.
- Лицето подгответе го за шминкање со пилинг, а не со маска за лице. Пилингот ги отстранува мртвите клетки од кожата, па таа станува мазна и сјајна, а како таква е многу подобра подлога за шминкање.
- Прво нашминкајте ги очите. Така ќе спречите сенката да ви паѓа на тонирано лице.
- Сапунот и водата се незаменливи при миење на четките за шминкање. Кога ги миете четките, секогаш мијте ги само влакната а не и рачките, бидејќи од водата може да ослаби лепакот кој ги спојува влакната и рачката и влакната ќе почнат да отпаѓаат.
- Кога сте уморни не се обидувајте тоа да го прикриете. Бидејќи ако на заморено лице тргнете да додавате коректор, сенки и кармини, ќе направите да изгледа уште позаморено. Користете ВВ креми, едноставни руменила и сјаеви за усни.
- “Без шминка” некогаш значи “шминка”. Обидете се, зошто да не. Ослободете се од притисокот на околината, која од нас бара перфектност во секој момент. Совршенство не постои, а убавината е во нас. Најдобра шминка е нашата насмевка!