30 ГОДИНИ ДАНСКИ КОНЗУЛАТ И ОРДЕН ВИТЕЗ ОД ПРВА КЛАСА НА РЕДОТ НА ДАНСКОТО ЗНАМЕ ЗА МУКАЕТОВ

Генералниот конзулат на Кралството Данска со седиште во Скопје, започнa со работа во јули 1994 година, по декрет издаден од данскатаКралица Маргарете II, која за Генерален почесен конзул го назначуваТрајче Мукаетов. Во 2007 година, функцијата Генерален почесен конзулја презема Живко Мукаетов. Апликации за визи, работни дозволи, дански пасоши, дански возачки дозволи, бегалската криза во 1999 година, влезот на Данска во Шенген зоната во 2002 година, асистенцијапри високи државни посети, помош при бројни предизвици со коидански државјани се соочиле во земјава, но и промовирањето наекономската соработка и данската култура во земјава, се дел одактивностите кои ова конзуларно претставништво ги работи веќе 30 години.

 

„Врските помеѓу Северна Македонија и Данска се изградени врзсподелени вредности, заемни интереси и заеднички видокруг зазбиднувањата во светот. Клучен аспект од нашата работа призајакнување на овие врски е да ѝ се помогне на земјата да напредува насвојот пат кон ЕУ. Таа работа секако ќе ја продолжиме со новата Влада. Во оваа насока, сакам да истакнам дека Данска ќе го преземепретседавањето со Европската Унија во 2025 година, а проширувањетона ЕУ ќе биде важен елемент на нашето претседателство. Со ситеангажмани на Данска во Северна Македонија, Генералниот конзулат наКралството Данска играше централна улога и тоа ќе продолжи да бидетака“, истакна Н.Е. Амбасадорката Сузане Шајн во своето пригоднообраќање по повод јубилејот.

 

Амбасадорката Шајн, во името на данската Влада, се заблагодари наМукаетов за неговата умешна дипломатија, силна посветеност ибеспрекорен професионализам како Генерален конзул. Покрај јубилејот, Нејзината Екселенција нагласи уште еден дополнителен повод заславењевоздигнувањето на Живко Мукаетов од Витез на Редот наданското знаме (кој орден Мукаетов го доби во 2016 година), во Витез од1ва класа на Редот на данското знаме:

„Оваа голема чест, беше едно од последните одликувања на НејзинотоВисочество Кралицата Маргарете II пред нејзиното абдицирање одтронот во полза на нејзиниот син, Неговото Височество КралотФредерик 10ти“рече Амбасадорката Шајн при одликувањето.

 

Орденот на данското знаме за прв пат бил воведен во 1671 година одстрана на Кралот Кристијан V, кога редот имал само еден степеннаречен Бел витез. Во 1808 година, по иницијатива на Кралот ФредерикIV, Редот на данското знаме бил поделен во четири степени, од коипрвиот е резервиран за членови на кралското семејство. Оваисклучително признание, кое е едно од најстарите во светот, оддавапочит за посветена работа за интересите на Кралството Данска, зазаслужна државна или воена служба, за посебен придонес во сферите науметноста, на науката или на бизнисот. Регистарот на данските Кралскиордени на витештвото, кој се води од 1884 година содржи околу 40,000 автобиографии на одликувани лица.

Од јуни 2023 година, Мукаетов исто така ја извршува и функцијатаКонзул на Кралството Норвешка