„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

Грижата за вработените и постојаното унапредување наусловите за работа, како клучни стратешки цели наАлкалоид“, се препознаени и афирмирани и од стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа.

По повод одбележувањето на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, 28 април, под мотото БЗР од мали нозеза идните генерации“, „Алкалоид“ се здоби со две признанија, и тоа за најдобар правен субјект кој реално и стручно придонел во сопствениот развој инвестирајќи/имплементирајќи добри практики во безбедни и здравиработни места за своите вработени и за правен субјект којнајмногу инвестирал во безбедноста и здравјето на своитевработени.

Во рамките на настанот, кој беше организиран под покровителство на стручните здруженија од областа на безбедноста и здравјето при работа (Здружението зазаштита при работа на Општина Битола, Здружението забезбедност при работа 28 Април“ – Скопје и Здружениетона инженери за заштита ТУТЕЛА Скопје), свое обраќање имаше и членот на УО на „Алкалоид“, Ќире Ицев:

„Добиените признанија се најдобар доказ за напорите што ги вложува ’Алкалоид’ во градењето безбедна и здрава работна средина. Ова за нас претставува мотив повеќе и во иднина да продолжиме со напорна работа и со надминување на предизвиците преку континуирано унапредување на воспоставениот систем за безбедност и здравје при работа и преку примена на светски етаблираните практики, кои се со цел заштита на вработените“, истакна Ицев.

„Алкалоид“ како компанија во чиј фокус се луѓето пред сѐ останува посветена на процесот на континуирана надградба на безбедна и здрава работна средина за сите вработени, изведувачи и посетители. Системот за управување собезбедноста и здравјето при работа, како и примената нанајвисоките стандарди се вградени во изведувањето насекојдневните операции и активности. Континуиранотовложување во унапредување, осовременување и вопримена на етаблираните светски практики има целпревенција, намалување и отстранување на ризиците насекое работно место.