Јачината на вашите нокти зависи и од квалитетот на храната што ја внесувате во вашето тело.
Дали ви пукаат ноктите? Лошата исхрана е главната причина. Затоа треба да земете предвид не само лак или нивно надоградување, туку и правилна исхрана.
Меѓу храната што дефинитивно треба да ја вклучите на менито, со цел да ја подобрите состојбата на вашите нокти, е и бананата.
Бананите се богати со биотин, важен витамин кој ќе помогне да се зајакнат слабите и испукани нокти.
Нутриционистите тврдат дека недостатокот на биотин може да биде една од причините за кршење и пукање на ноктите, па затоа е многу важно да јадете храна богата со овој витамин, како лосос, кикирики или карфиол.