Војничка диета – минус четири килограми за три дена

Војничката или тродневна диета подрзабира многу строг режим на исхрана и многу е важно да се придржувате до сѐ што е напишано – од термините на јадење до производите – инаку нема да постигнете никакви резултати. Но, пред да се впуштите во оваа авантура неопхпдно е да се консултирате со лекар.

Оваа диета има план до кој морате строго да се држите доколку сакате да ги постигнете саканите резултати. Со оглед на тоа дека функционира на принцип на хемиско разградување овде не важи правилото некој од производите да го замените со друг бидејќи може да се случи целиот труд да ви пропадне.

Диетата се состои од три оброци на ден. Секој ден оброците се јадат во исто време, без оглед на тоа што во тоа време не сте гладни. Растојанието меѓу оброците треба да биде најмалку 4 часа.

После диетата барем четири дена бидете на нормална исхрана, а ако сакате можете повторно да ја повторите диетата. Со диетата се препорачува и вежбање.

 

ПРВ ДЕН

Појадок: Половина грејпфут, парче тост со две лажички путер од кикирики, кафе или чај.

Ручек: Пола шоља туна, парче тост, кафе или чај.

Вечера: 80 грама било какво немасно месо или пилешко, шоља грашок, пола банана, мало јаболко и шоља сладолед од ванила.

 

ВТОР ДЕН

Појадок: Јајце, пола банана, парче тост.

Ручек: Шоља свежо сирење, тврдо варено јајце и пет солени крекери.

Вечера: Две виршли (без леб), шоља брокула, пола шоља рендан морков, пола банана и пола шоља сладолед од ванила.

 

ТРЕТ ДЕН

Појадок: Кафе или чај со една до две лажички засладувач, пет солени крекери, 26 грама сирење и едно мало јаболко.

Ручек: Тврдо варено јајце и парче тост.

Вечера: Шоља туна, пола банана и една шоља сладолед од ванила.

Вода можете да пиете колку сакате, а ако строго се придржувате на диетата можете да изгубите и до четири килограми.

НАПОМЕНА: Некои диети како што се формулите за слабеење можат да бидат штетни за вашиот организам. Не се препорачува користење на ниту една диета без претходна консултација со лекар. Диетите ги пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за успех на истите, нивната можност за штетност по здравјето како ни за други последици кои нивната примена може да ги предизвика, па спроведувањето на оваа диета го превземате на сопствена одговорност.