„Алкалоид“ АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца – пациенти на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле

Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини наиновативнaта формулација наОмепразол“ во течна форма, во вкупнавредност од 12.520.800 денари, на ЈЗУ Универзитетската клиника задетски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторнизаболувања кај децата Козле, со цел олеснување на пристапот досоодветен третман во овој дел кај детската популација. Споредпроценката на двете здравствени институции, преку оваа донација, сосоодветна терапија ќе бидат покриени околу 200 деца во времетраење одедна година.

„Со оваа донација наменета за децата, како една ранлива возраснакатегорија кога станува збор за одредени дигестивни нарушувања, какокомпанија даваме свој придонес кон олеснување на процесот на нивнолекување и на подобрување на квалитетот на животот на пациентите. Поаѓајќи од нашиот врвен приоритетЛуѓето и Здравјето пред сѐ, на којсе темели компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, ‘Алкалоид’ со децении помага онаму каде е најпотребно. Грижата зазаедницата во која делуваме, особено онаа насочена кон најмладите, останува наш приоритетен сегмент во компаниското портфолио заопштествена одговорност“, истакна Генералниот директор иПретседател на УО наАлкалоид“, Живко Мукаетов.

ПрепаратотОмепразол“ во течна формаготов за употреба, е наменетпред сѐ за третман на рефлуксен езофагитис и на гастроезофагеалнарефлуксна болест (ГЕРБ) кај мали деца кои не можат да голтаат таблети, како и кај возрасни пациенти кои имаат тешкотии со голтањето(пациенти со дисфагија) и неможност за голтање (пациенти сопоставени сонди за гастрично хранење и/или геријатриски пациенти).

Иновативноста на овој нов производ се базира на два посебни растворисодржани во двокоморското пакување, кое при отворањето автоматскиги меша двата раствора и така се добива готовиот теченОмперазол“ заупотреба. Производот има пријатен вкус на лимон и ментол и не содржишеќер, сорбитол и бои