„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„За една успешна и амбициозна компанија огроменпредизвик е да се одржат високото ниво наорганизациска култура, фокусот на резултати и високотониво на етички вредности. ’Алкалоид’ секогаш сестреми да ги регрутира најдобрите кандидати на пазаротна трудот, без оглед на тоа за која позиција станува збор“

„Алкалоид“ АД Скопје по вторпат е прогласен за апсолутенпобедник за најатрактивен работодавач, односно најпосакуванамакедонска компанија за работа за 2023 година, врз основа наследните критериуми: следење на интересот за објавите и заогласите на компаниите од страна на посетителите наинтернетстраницатаВработување.ком“, интересот наапликантите и спроведената анкета на темаВо која компанија бисе вработиле без размислување?“. Настанот за првпат сереализираше во 2023 година низ симболиката на оскари заработодавачите во земјава, со цел афирмирање на позитивнитепрактики на македонскиот пазар на трудот.

Наградата за работодавач на годината му беше врачена наГенералниот директор и Претседател на Управниот одбор наАлкалоид“, Живко Мукаетов, кој изјави:

„Ова е награда на 3.000 семејства кои работат воАлкалоид’во Македонија и подружниците во странство! Признание зацелиот оној труд, знаење и вештини кои се вградени во секојнаш производ и во секој наш процес во изминатите 88 годинипостоење. Ова признание е доказ дека во Македонијанавистина има квалитетни луѓе.“

„Алкалоид“ континуирано негува стимулирачка работна средина ипостојано го надградува системот на бенефиции за своитевработени, кој вклучува: обезбедено доброволно приватноздравствено осигурување, бенефиции за децата на вработените воформа на субвенциониран износ за вонучилишни активности, новогодишен линеарен надомест за секој вработен, исплата нарегрес за годишен одмор во износ над законски утврдениотминимум, награди за вработените за лојалност и дополнителнинадоместоци во согласност со вклученоста во успешно завршениинтерни проекти, годишен наменски буџет за едукации и застручни доусовршувања, редовни тимбилдинг активности, можности за кариерен развој во компанијата и надвор од неа, подарок за секое новороденче на вработен, новогодишнипакетчиња за децата на вработените и друго.