Алкална диета – начин на исхрана кој го излуде светот

Алкалната диета многу се разликува од другите популарни диети за слабеење. Се базира на правилен внес на кисело-базни производи во текот на денот, кои треба да бидат во размер 4:1 во корист на алкалите. Алкалната храна допринесува за целокупното здравје и спречува појава на болести.

Прекумерната киселост на организмот може да биде исклучително штетна за човековото здравје. Луѓето кои се прекисели се постојано изморени, омалаксани, со недостаток на енергија, и често се подложни на настинки и инфекции. Киселата храна е заслужна за лоша дигестија, гастритис, надуеност на стомакот, грчеви, болки во мускулите и зглобовите, главоболка.

Алкалната диета подразбира дневен внес во размер 75% сирова храна и 25% варена храна. Белите шеќери и индустриските производи се главни виновници за повеќето модерни болести како што се дијабетес, остеопероза, висок крвен притисок и други.

Исто така, со внесување кисели производи ги нарушуваме оптималните pH вредности за воспоставување на pH рамнотежа кои се движат од 7,35 – 7,45.

Научниците одат уште еден чекор понапред и тврдат дека малигните клетки можат да се развиваат исклучиво во кисела средина а не во базна, и тоа го докажуваат со фактот дека луѓето кои имаат карцином имаат значително намалена pH вредност која се движи во скала од 0-14, при што најбазната вредност е 14, а најкиселата е 0.

КИСЕЛИ ПРОИЗВОДИ ДО 25% ДНЕВНО

  • Месо: свинско, телешко, говедско, живина, туна, дивеч, ракови, школки, месни преработки, сардини од конзерва
  • Овошје: сливи, мандарини, малини, брусници, вишни, калинка, ананас, јаболко, праска, кајсија, грејпфрут, јагоди, папаја, цреши и др.

БАЗНИ ПРОИЗВОДИ 75% ДНЕВНО (АЛКАЛНА ХРАНА)

  • Зеленчук: лук, брокула, кромид, ѓумбир, морски алги, компир, модар патлиџан, блитва, кељ, кроијандер, босилек, морков, свежи пиперки, зелка, спанаќ, зелена салата, грав, црна ротква, тиква, лубеница, краставица, целер, артичока, рен.
  • Овошје: банана, кокос, смокви, авокадо, лимон, портокали, манго, крушки.
  • Останато: семки од тиква, мак, костен, ленено семе, кокосово масло, маслиново масло, босилек, темјан, јачмен, зоб, просо, млеко од соја, морска сол, зелен чај, јаболков оцет.

Алкална диета – мени за еден ден:

Појадок: Омлет од 2 јајца, едно парче интегрален леб и еден свеж патлиџан. Чај од ѓумбир

Ужина: Една банана, 1 шака семки од тиква

Ручек: Супа од зеленчук, јунешко со блага зелка

Ужина: Јаболко или шака бадеми

Вечера: Пилешко на скара (150 грама) со салата од зелка, или риба со мешана салата

Алкалната диета е прилично флексибилна, така што сами го креирате своето мени за секој ден. Водете сметка за количините на базни и кисели производи во текот на диетата и нема да згрешите.

Искуства поврзани со алкалната диета:

  • Вкусот на храната не ја одредува нејзината киселост. На пример лимонот е многу кисел, но е алкален продукт, за разлика од белиот шеќер кој е многу благ а има кисела pH вредност.
  • Јадете повеќе свежо овошје и зеленчук, и пијте најмалку 2 литри вода на ден
  • Пијте секој ден сок од лимон
  • Рибата и месото јадете ги без ориз, леб или компир со задолжително салата. Свежите салати подготвувајте ги со маслиново масло или јаболков оцет
  • Житарките комбинирајте ги со мед
  • Производите што помалку термички обработувајте ги, избегнувајте трансмасти и индустриски преработена храна
  • Растојанието меѓу оброците мора да биде најмалку 3-4 часа. Задолжителна е физичка активност (лесни вежби, возење велосипед, прошетки во природа).

Алкалната диета веќе после три дена ќе ви ја врати енергијата и ќе се чувствувате многу подобро. За да се постигнат видливи резултати потребно е и до осум недели придржување кон менито.

Алкалната диета не е инстантна ниту е краткорочно решение за слабеење кое има јо-јо ефект, туку носи резултати на подолг рок.

НАПОМЕНА: Некои диети како што се формулите за слабеење можат да бидат штетни за вашиот организам. Не се препорачува користење на ниту една диета без претходна консултација со лекар. Диетите ги пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за успех на истите, нивната можност за штетност по здравјето како ни за други последици кои нивната примена може да ги предизвика, па спроведувањето на оваа диета го превземате на сопствена одговорност.