Суво миење на телото: Телото ќе ви биде благодарно после овој совршен третман

Методата која малкумина од нас ја знаат, очигледно е веќе одомаќинета во светот на убавината. Сувото миење на телото е невообичаена техника која ја стимулира циркулацијата и го намалува стресот.

Кому е ова потребно? – На сите. Освен што е ефикасен третман, треба да се нагласи дека е ефтин и не бара употреба на некоја посебна козметика. Потребно е да пронајдете соодветна четка за тело, а најдобро е да биде округла, направена од природни влакна.

Сувото миење на телото најдобро да го практикувате анутро пред утринското кафе и пред туширање, кога кожата на телото е сува и нема трагови од било каква козметика. Се практикува со движења оддолу нагоре, почнувајќи од стапалата и се завршува на деколтето. Масажата би требало да биде суптилна и нежна особено на стомакот и во близина на градите, но посилна на местата кои се изложени на целулит (бедрата и задникот).

Инаку, сувото миење на телото ги отстранува мртвите клетки на кожата и масните ткива во проблематичните области.

Произвдоите, како креми за нега на телото најдобро е да ги користите веднаш по третманот бидејќи кожата тогаш многу подобро ги апсорбира и станува мазна и мека на допир.

Сувото миење на телото најдобро е да се практикува еднаш дневно или најмалку еднаш неделно за да ја ослободите кожата од наталожените токсини.