Сефте ЕКГ на Дфестивал

Никогаш не си проверил шеќер и ЕКГ, направи сефте во Кампулантата на Д фестивал!🩺❤️
Здружение на Лекари Специјализанти – ЗЛС на Д Фестивал 2023 ќе го спроведува проектот “И ти си важен” кој се состои од бесплатни превентивни прегледи за посетителите.🥼
Секој преглед се состои од ЕКГ, мерење тензија, гликемија во крв, одредување на БМИ и мерење на сатурација како и физикален преглед за да знаеш дека си во топ форма за забавата да може да продолжи!🤩🎉
📚Освен превентивни прегледи во рамките на проектот ќе се одвива медицинска едукација за подигнување на здравствената писменост, како и делење на презервативи и медицински помагала.
🫡Спремни во секој поглед за www.dfestival.mk