Најчести фобии: ирационални стравови

Иако стравовите нѐ штитат од опасности, фобиите се ирационални мисли кои ограничуваат во животот и резултираат со анксиозност и напади на паника.

Стручњаците идентификувале повеќе од двесте различни видови фобии, вклучувајќи и фобофобија или страв од самата фобија. Тие ирационални стравови се сметаат за подвид на пореметувања на анксиозноста, а се делат во три различни категории: страв од јавни места, страв од социјални ситуации и специфични фобии насочени кон одреден објект.

Симптоми на фобија

Емоционални знаци и симтоми на фобија се анксиозност, паника, силна желба за бегство, привидение на “нестварност”, страв од губење контрола, чувство на несвестица и немоќ за контрола на стравот. Телесни симптоми се забрзување на пулсот, стегање или болка во градите, тресење, вртоглавица, желудочна мачнина, потење и топли бранови.

Стравот од висина е најчест и најопасен

Стручно наречен акрофобија, овој страв е најчест вид фобија која во поголема или помала мерка го погодува секој втор човек. Најчесто се манифестира со силна мачнина, па и напад на паника при качување низ високи скали или преминување мост. Оваа фобија е поопасна од другите дотоклу што акрофобот заради чувството на несвестица и вртоглавица може да падне од висината.

Социјалните фобии се повеќе од срамежливост

Стручниот назив за оваа фобија е социјално-анксиозно поремттување, а најчесто се јавува како страв од други луѓе или страв од понижување во социјални ситуации. Најчест подвид на оваа фобија е страв од зборување во јавност, а за разлика од срамежливоста, оваа фобија ја следи исклучителна анксиозност. Ако не се лечи може да резултира со избегнување контакт со луѓе и потоплно повлекување од социјалниот живот.

Клаустрофобијата бара излез

Луѓето кои боледуваат од клаустрофобија панично се плашат од мали и затворени простории, а се верува дека околу 5% од популацијата пати од ова пореметување. Заради избегнување на изворот на страв клаустрофобичарот повеќе би сакал да се качува по скали отколку со лифт, со автобус отколку со автомобил и сл. Жените двојно повеќе заболуваат од клаустрофобија, а се смета дека се развива веќе во раното детство и тоа најчесто по пример на родителите кои имаат иста фобија.

Стравот од летање се развива после траума

Околу 40% од луѓето на светот се плашат од летање со авион, но секој десетти човек чувствува интензивен страв од летање заради кој нема ни да влезе во авион. Тој страв може да биде толку интензивен што тие луѓе повеќе би патувале со денови со автобус отколку да летаат. Оваа фобија многу успешно се лечи со терапија која вклучува виртуелни стимулации на летање.

Зоофобија и управување со стравот

Најчест тип на специфични фобии е токму зоофобијата, а подразбира страв од пајаци, змии, инсекти, птици и пчели. Најчесто настанува во детството после некое трауматично искуство но често може да се надрасне. Родителите не смеат да ја поттикнуваат фобијата кај детето туку во договор со стручн олице да го изложуваат детето на објектот на фобија преку фотографии, филмови и слични материјали, но и со свој пример да им покажат дека тој страв е ирационален.

Стравот од крв може да се победи

Хемофобија т.е. стравот од крв е во повеќето случаи присутна кај мажите отколку кај жените, но најчеста е токму кај децата. Трипанофобија е страв од игли и медицински процедури во кои се користат игли, и е една од најчестите фобии. Некои студии покажуваат дека оваа фобија е наследна, а успешно се лечи со психотерапија.

Паранормални фобии

Некои фобии се толку бизарни што дури од неодамна се воведени во стручната листа фобии. Трискаидекафобија е страв од бројот 13, сангуиворифобија е страв од вампири, кроматофобија е страв од пари, дипсафобија е страв од пена од алкохол, а антрофобија е страв од цвеќе, пентерафобија е страв од свекрви. Меѓу најнеобичните фобии спаѓа и итифалофобија или страв од ерекција.

Фобија од рак

Луѓето со карцинофобија се во панична грижа за своето здравје и секојдневно самите себе си си поставуваат дијагнози на рак. За разлика од обичната хипохондрија, оние кои боледуваат често се плашат да посетат лекар за да не ги потврди нивните сомнежи. Најчесто се лечи со когнитивна терапија.

Врска помеѓу алкохолот и фобиите

Луѓето кои патат од панични напади и фобии повеќе се склони да развијат зависност од алкохол, како и обратно. Кај оние со панични пореметувања алкохолот често се користи како средство за смирување, а луѓето со изразени фобии имаат двојно поголеми шанси да станат алкохоличари.

Семејна врска

Иако на настанувањето на фобиите влијаат културата и животните настани како што се разни трауми, очигледна е и нивната семејна врска. Бројни психолози тврдат дека родителите несвесно ги пренесуваат своите фобии на своите деца, а оние во чии семејства фобиите се чести и изразени имаат три пати поголеми шанси и самите да развијат фобија.