Со елиминирање на навиките кои ја црпат вашата енергија ќе станете посреќни и пофокусирани. Ако се поистоветивте со овие токсични навики, запомнет едека не сте сами. Клучно е да ги препознаете и да одлучите да ги смените.
Се преправате дека сѐ е во ред, дури и кога не е
Дали сте напнати? Се чувствувате како да сакате да се откажете? Не треба од тоа да се срамите. Сосема е прифатливо да се чувствувате исцрпено, да се сомневате во себе и своите способности. Ова е неизоставен дел од животот. Но, за тоа треба да станете свесни за да можете да ја промените ситуацијата во која се наоѓате. Не морате секогаш да бидете силни и не мора постојано да си докажувате себе си и на другите дека е сѐ како што треба. Не се грижете за тоа што другите мислат. Ако е потребно, исплачете се. На крајот од краиштата, тоа е здраво.
Дозволувате негативните искуства од минатото да ја нарушуваат вашата сегашност
Посилни сте заради тешките времиња од минатото, помудри заради направените грешки и посреќни бидејќи знаете како е да се биде тажен. Секој тежок разговор кој сте го воделе ве научил нешто за самите себе. Секоја ситуација пружа прилика за учење и сапознавање на самиот себе. Секој момент кој ве фрустрира и ве разочарува е момент кој нешто ве научил. Запомнете дека ништо не е толку лошо како што ви изгледа. Во секој исход од некоја тешка ситуација постои барем една предност. Немојте да се откажувате од животот во сегашноста само заради тоа што минатото не се одвивало според вашиот план.
Верувате дека вашите најдобри денови поминале, или дека допрва доаѓаат
Ако сте заглавени во животниот лавиринт верувајќи дека еден ден ќе избегате и дека сѐ ќе биде како што треба, престанете со тој начин на размислување. Не смеете да ја користите иднината за да избегате од сегашноста. Ваков начин на размислување предизвикува преголемо ниво на стрес и не ве прави среќни. Запомнете дека постојат само два дена во кои не можете ништо да направите – вчера и утре. Денес е тоа што се случува сега. Денес е вистинско врме за љубов, насмевки и исполнет живот. Денес е она што го бара вашето внимание и енергија.
Со сила се трудите да бидете личноста каква што некогаш сте биле
Сте се промениле со причина. Можеби на тоа ве поттикнала некоја тешка ситуација. Големите и тешки животни случувања се потребни за да ги запознаете своите скриени делови и после некое време да сфатите кој сте вистински, да продолжите понатаму и да се смените. Ова е најубавата работа која што може да ви се случи. Можеби сега не размислувате на овој начин, но наскоро ќе сфатите дека денес не би биле онакви какви што сте да не постоеле некои настани во животот. Промените се неизоставен дел од животот и луѓето се менуваат. Вие исто така мора да се промените порано или подоцна. Тоа значи дека еволуирате. За повеќето луѓе токму тешките состојби во животот се тие кои будат сочувство, добрина и нежност.
Се противите на промените и растењето
Низ животот постојано морате да се прашувате да ли ве поважно да се чувствувате добро или да напредувате. Напредокот не значи дека секогаш ќе се чувствувате добро, исто како што и чувството дека ви е добро не значи дека напредувате. Ниту едното ниту другото не е погрешно сѐ додека постои рамнотежа. Важно е да се чувствувате добро и лагодно, но исто така треба да знаете дека тоа чувство речиси секогаш исчезнува кога ќе почнете да се менувате. Секој раст и напредок започнува со промена. Кога не се чувствувате лагодно, тоа значи дека во својот живот вовдеувате промени. Промените секогаш означуваат нов почеток, никако крај.
Постојано сте загрижени но никогаш ништо не превземате
Загриженоста е најголем непријател на сегашноста. Само ја краде вашата среќа и создава впечаток на зафатеност, а вие всушност не правите ништо. Тоа е исто како да ја користите вашата фантазија за креирање на нешто кое не го сакате. Со оваа негативна навика морате да престанете што побргу. Многу е подобро да бидете исцрпени од прекумерен труд и работа, отколку од загриженост. Немојте да го трошите своето време и енергија за нешто небитно. Покренете се и завршувајте ги работите. Денес запрашајте се што ви е важно и што сакате да постигнете. Потоа соберете храброст и организирајте ги деновите така за да направите нешто по тоа прашање.
Се жртвувате себе си за доброто на другите
Немојте премногу да се жртвувате. Ако го правите тоа, многу малку време ќе ви остане за луѓето кои ви се навистина важни. Ако понекогаш се чувствувате заробено и како да не можете да дишете, потсетете се дека грижата за самите себе треба да ви биде на прво место. Тоа не ве прави себични. Единствено на тој начин ќе живеете квалитетен живот и ќе одржувате квалитетни врски и односи со другите луѓе. Морате да научите како самите себе си да си бидете најдобар пријател. Морате да се вљубите во самите себе и таа љубов да ја поделите со луѓето кои ги сакате.
Сѐ сфаќате лично
Кога ќе престанете сите работи да ги сфаќате лично, тогаш ќе се почувствувате како некој да ве ослободил. Луѓето ретко прават работи исклучиво заради вас. Тие тоа го прават за самите себе. Дури и кога ви се чини дека тоа треба да го сфатите лично, ретко кога е вистинито. Ова запомнете го многу добро. Ако сте лути, тажни и се чувствувате како жртва на нечии постапки, длабоко во себе пронајдете мало семе на добрина чувствителност. Обидете се да сфатите зошто некој тоа го прави, како се чувствува и како би се чувствувале вие на негово место.
Дозволувате негативните мисли потполно да ве окупираат
Немојте да верувате во сѐ што ќе слушнете. Ако изберете да бидете мизерни, многу бргу ќе пронајдете милион причини заради кои можете да бидете мизерни. Ако изберете да бидете среќни, исто така многу бргу ќе пронајдете милион причини за среќа. Разговорот за проблемите е човековата најголема зависност. Престанете со оваа негативна навика. Зборувајте за среќни моменти, за луѓето кои ги сакате, за своите соништа. Бидете позитивни. Забавувајте се, бидете забавни, креативни и глупирајте се на свој начин.
Одбивате да тргнете понатаму
За вистинска среќа е потребна храброст. Изложете се и бидете ранливи. Ризикувајте ако е потребно и бидете храбри. Да тргнете понатаму значи да се ослободите од минатото и да отпуштите некои луѓе и настани од својот живот. Обратете внимание на она што го чувствувате и пронајдете причина за секое чувство кое е присутно. Ослободте се и бидете она што сте. Во животот секогаш ќе постојат моменти кога ќе сакате да успорите, да се изолирате, да гледате во една точка и да ги ослободите своите мисли и чувства. Немојте да се плашите од повредување бидејќи стравот ќе ве спречи да прифатите и искористите многу шанси кои ќе ви се пружат.