Пет работи кои не треба да ги направиш за маж

Заради љубовта сме подговтвени на разни глупости, но некои работи сепак преминуваат граница.

Превземање на сите проблеми

Ако твојот партнер има проблеми секако дека треба да му помогнеш, но не смееш да ја превземеш сета одговорност. Тој мора сам да донесува одлуки и да се бори со тоа, ти можеш да му помогнеш, но не и да направиш сѐ наместо него.

Давање скапи подароци

Сите сакаме подароци, но ќе се почувствиваме лошо ако знаеме дека не можеме да возвратиме. Затоа најдобро е размената на подароците да биде еднаква, за да никој не се чувствува загрозено.

Занемарување на кариерата и пријателите

Можеби сте ја пронашле љубовта на својот живот, но никој не  е вреден толку за да го уништите сопствениот живот. Сите апекти на вашето живеење се важни и потребно е да напредувате бидејќи во спротивно ќе му досадите на вашиот партнер, ќе немате за што да разговарате.

Што ти реков

Прочуената реченица која ја изговарате кога мислите дека сте во право сите ги иритира. Не само што на тој начин го навредувате партнерот бидејќи сакате да му кажете дека вие сте попаметна, туку вие се претварате во досадна мајка која попува, а знаеме дека тоа не го сакате.

Менување на изгледот

Во ред е да направите сѐ за да изгледате онака како што сакате, но доколку партнерот постојано ви наоѓа маани и ви укажува на работи кои треба да ги смените, најдобро би било да го смените партнерот.