Прв симпозиум на офталмолошки сестри во Скопје

На 11.04.2024  во Скопје  Друштвото на офталмолошки сестри ќе  организира  Прв симпозиум на офталмолошки сестри.

На симпозиумот се очекува присуство на 100 мед.сестри , доктори и соработници од Македонија и странство.

Здружението ЗАНАС  е здружение на медицински сестри, техничари, стоматолошки сестри  и акушерки .Во здружението членуваат сестри од сите општи болници во Македонија, Здравствени домови , Градска општа болница Осми септември, Kлиники од Клинички центар Мајка Тереза, Здруженијата на мед.сестри Албанци од Тетово и Гостивар. Сите заедно споени во унија на медицински сестри  ЗАНАС ,како и медицински сестри од   Приватните  болници Аџибадем Систина , Плодност Битола и Жан  Митрев . Здружението е член на Балканска асоцијација на медицински сестри BAMS .