Шест работи кои морате да ги знаете за шминкањето

Секоја од нас има некоја мејкап рутина, но секогаш сакаме да ги следиме новите трендови во шминкањето и да видиме и слушнеме што ни кажуваат стручњаците. Еве неколку корисни совети од мејкап стручњаците кои морате да ги имате на ум при следното шминкање.

  1. Клучна работа е добро огледало. Најдобро е она кое е големо, добро осветлено и свртено нагоре, за да можете да ја подигнете брадата додека се шминакте. Тоа е најдобра позиција за шминкање на очите.
  2. Лицето подгответе го за шминкање со пилинг, а не со маска за лице. Пилингот ги отстранува мртвите клетки од кожата, па таа станува мазна и сјајна, а како таква е многу подобра подлога за шминкање.
  3. Прво нашминкајте ги очите. Така ќе спречите сенката да ви паѓа на тонирано лице.
  4. Сапунот и водата се незаменливи при миење на четките за шминкање. Кога ги миете четките, секогаш мијте ги само влакната а не и рачките, бидејќи од водата може да ослаби лепакот кој ги спојува влакната и рачката и влакната ќе почнат да отпаѓаат.
  5. Кога сте уморни не се обидувајте тоа да го прикриете. Бидејќи ако на заморено лице тргнете да додавате коректор, сенки и кармини, ќе направите да изгледа уште позаморено. Користете ВВ креми, едноставни руменила и сјаеви за усни.
  6. “Без шминка” некогаш значи “шминка”. Обидете се, зошто да не. Ослободете се од притисокот на околината, која од нас бара перфектност во секој момент. Совршенство не постои, а убавината е во нас. Најдобра шминка е нашата насмевка!