Фитнес диета – симнува четири килограми за седум дена

Оваа диета најдобро би било да се држи барем четири недели, но по потреба, може и подолго. Во тек на првата недела би требало да се изгубат три до четири килограми, а потоа најмногу два килограми неделно.

Овој режим на исхрана исто така помага за чистење на организмот, и за јакнење на кожата, косата и ноктите.

ПРВ ДЕН

Појадок: Сок од мандарина или портокал или една јаболка и една круша.

Ручек: Црн леб со лажичка мајонез, патлиџан, зелена салата, кромид и кисели краставички.

Вечера: Се загрева малку масло, лажичка мед, шољичка вода, лажица супа, едно чешне лук и лажица соја сос. Во загреаната смеса се додава сецкана тиквичка, морков, малку свежа зелка и 100 грама сварени тестенини. Се вари на тивок оган 5 минути.

 

ВТОР ДЕН

Појадок: Сок од јаболко и морков.

Ручек: Се вари главица карфиол, потоа се пасира и се додава лажичка сок од лимон, морска сол, оригано, мајоран и две лажички мајонез. Смесата се користи како намаз за црн леб, преку што се додаваат патлиџан и пченични зрна.

Вечера: Се динста пола главица црвен кромид со пола лажичка масло. Се замешува во кромидот лажичка зачин од зеленчук и парче коцка за пилешка супа. Се долева шољичка вода и пченка (смрзната или од конзерва). По желба, се зачинува со соја сос и зачини.

 

ТРЕТ ДЕН

Појадок: Свеж сок од портокал или слива.

Ручек: Тортиља или погача од пченкарно брашно намачкана со мајонез, сенф или путер и прекриена со свеж зеленчук ( краставица, морков) и зачини.

Вечера: Се загрева лажичка масло, се замешува лажичка зеленчуков зачин, сок од лимон, сол и главица црвен кромид. Во тоа се додава 125 грама безмасна риба и се динста 8 минути.

 

ЧЕТВРТИ ДЕН

Појадок: Свеж сок од јаболко или рендано јаболко со цимет.

Ручек: Помал печен компир зачинет со малку путер и зеленчуков зачин, и зелена салата.

Вечера: Се динста главица кромид, малку целер и помал морков со една лажичка путер. Се додава по 125 грама грашак и спанаќ (може и смрзнати), тиквички, помала главица зелка, шољичка вода. Се вари 10 минути. Со оброкот се јаде парче црн двопек.

 

ПЕТТИ ДЕН

Појадок: Сок од ананас или грејпфрут, или овошна салата од банани, јагоди и киви.

Ручек: Се мешаат две шољички сецкана зелена салата, шољичка патлиџан, шољичка пченка, лажичка мајонез и лажичка масло. Се додава јаболков оцет или сок од лимон по желба. Сето тоа се користи како намаз за тортиља или тенка погача.

Вечера: 175 грама филети од морска риба се печат на скара. Се прелива со мешавина од 2 лажички масло, чешне лук, малку магдонос, сенф и лимон.

 

 

ШЕСТИ ДЕН

Појадок: Пасирана диња и смокви.

Ручек: Во испасирано авокадо се замешува мајонез, лажичка сенф, сок од лимон, малку вода да се добие густ крем и се додава шољичка сончогледови и пола шољичка пченични зрна. Се става во тортиља или погача.

Вечера: На лажичка путер се пржи 125 грама бело пилешко месо. Се вади месото а во сокот се замешува зачин, малку сок од лимон, главица кромид и зачини. Се динста кратко и се додава месото.

 

СЕДМИ ДЕН

Појадок: Свеж сок од портокал, или диња.

Ручек: Тортиља се полни со шољичка исецкан кељ, пола шољичка авокадо на тркалца, иситнета зелена салата и зачини.

Вечера: Се сецкаат 130 грама шампињони, се динстаат на лажичка масло додека течноста не испари. Се замешува малку пасиран лук, сецкан магдонос, зачини. Со ова се преливаат 100 грама варени тестенини.

 

НАПОМЕНА: Некои диети како што се формулите за слабеење можат да бидат штетни за вашиот организам. Не се препорачува користење на ниту една диета без претходна консултација со лекар. Диетите ги пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за успех на истите, нивната можност за штетност по здравјето како ни за други последици кои нивната примена може да ги предизвика, па спроведувањето на оваа диета го превземате на сопствена одговорност.