Коњите им помагаат на децата: Јавањето го подобрува учењето и памтењето

Јапонските научници по пат на тестирања заклучиле дека јавањето ја зголемува интелегенцијата кај децата. Начинот на кој се движи коњот му овозможува на човековото тело моторички и сензорни информации.

Научниците од земјоделскиот факултет во Токио откриле дека вибрациите кои ги произведуваат коњите во тек на јавањето го активираат симпатичкиот нервен систем во мозокот. Тоа значи дека когнитивните способности на детето можат многу да се унапредат додека детето е во седлото.

Јапонските научници оваа претпоставка ја потврдиле со тестови кои им ги давале на децата пред и после јавање. Решавале тестови на едноставни реакции и математички тестови. Спроведена е студјиа  на 34 момчиња  72 девојчиња на возраст од 10 до 12 години. Биле поделени во три групи – едната јавала, другата се одмарала а третата одела, после што решавале тестови.

Студијата е објавена во списанието Frontiers in Public Health,а покажала дека децата после јавање биле значително поуспешни во изведување на бихевиоралните задачи. Малку помала била разликата во областа на математиката, но научниците веруваат дека е тоа затоа што задачите биле премнногу едноставни.

Врз основа на тоа, заклучиле дека јавањето може да ги унапреди когнитивните способности кои водат кон подобра меморија, го унапредува учењето и способноста за решавање различни проблеми.

Одамна е потврдено дека јавањето има терапевтско дејство на луѓето, и тоа на повеќе од еден начин. Една минута на коњ е еднакво како да сте направиле 90 чекори.

Додека човекот јава, му работат сите мускули, вежба рамнотежа, добива на флексибилност, а освен тоа што е добро за држење на телото, метаболизмот и кондицијата, одлично е и за нашиот ум. Ослободува од стрес и исцелува.