Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении
Во насока на посветеноста за постојана модернизација и запроширување на производствените капацитети, производственитеволумени и на асортиманот, „Алкалоид“ АД Скопје ја комплетирашереализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последнитедве децении – новиот погон за производство на цврсти фармацевтскиформи Таблетно одделение 2.0 и придружните технички простории.
Новиот техничко-технолошки капацитет, чија цел е повеќе од двојнозголемување на обемот и поголема флексибилност во производствотона цврсти фармацевтски форми, зафаќа површина од 6.200 м2(производствени и технички простории), а за него „Алкалоид“ вложивкупно 19,4 милиони евра. За изведбата на овој објект, започната воаприл 2021 година, беа ангажирани 30 домашни и 16 странскикомпании, а градежните работи и опремувањето се одвиваа под водство на стручните служби на „Алкалоид“ АД Скопје. Просториите се изведени во согласност со строгите норми за добра производствена пракса, а сите процеси се целосно интегрирани и дигитализирани, со автоматско генерирање на сите податоци од процесните контроли.
Во новиот погон за производство на цврсти фармацевтски форми ќе севрши производство на таблети, филмувани таблети, капсули и на двослојни таблети, кои за првпат се воведуваат како технологија запроизводство во Македонија. Станува збор за таблети што содржат неколку активни супстанции со различни хемиско-физички својстваили со различен начин на ослободување на состојките, кои внимателно и прецизно се дозирани, но физички одделени со соодветно обезбедена стабилност и делотворност, овозможувајќи имна пациентите целосната терапија од неколку лекови да ја земаат самопреку една таблета. Опремата за производство на цврсти фармацевтски форми е набавена од светски познати производители наопрема од овој вид: GEA (опрема за влажна гранулација), Alexanderwerk (опрема за сува гранулација), Lodige (опрема захомогенизација), Fette (преси за таблети), Glatt (систем за филм–обложување), De Lama (автоматска машина за перење контејнери) и други.
Со пуштањето во употреба на новата техничко–технолошка единица запроизводство на цврсти фармацевтски форми двојно се зголемувапроизводствениот волумен, па така, наместо досегашниот капацитетод 2 милијарди таблети годишно, моменталниот проектиранпроизводствен капацитет е повеќе од 4 милијарди таблети годишно.
„Во динамична индустрија каква што е фармацевтската пласманитеобично кореспондираат со инвестициите, вештините и знаењето, коиво изминативе две децении ги насочивме кон градење на модерно и конкурентно производствено портфолио. Нашата цел останува да седиференцираме преку знаење и развој на производи со додаденавредност, а на овој курс сме решени да останеме и во иднина, работејќи на натамошна глобализација на брендот ’Алкалоид’, достоинствено и посветено, со практикување на високи етичкистандарди, кредибилитет и професионален пристап во севкупнитеоперации“, изјави Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор Живко Мукаетов на официјалното пуштање во употреба на новиот оддел, кое се одржа во присуство на високи претставници на менаџментот на компанијата, како и на претставници на медиумите одземјата и од регионот.
Ова е еден од најкрупните инвестициски проекти на „Алкалоид“ АДво изминатите две децении. Компанијата во 2005 година имашепласмани од 53,1 милиони евра, а во 2023 година прикажаконсолидирани пласмани од 268,3 милиони евра. Следствено на овојпеткратен континуиран раст, во текот на изминатите 15 години беа реализирани инвестиции во вредност од над 220 милиони евра.
Фармацевтските производи на „Алкалоид“ се присутни на пазарите во повеќе од 40 земји во светот.