Нападот на Хашимото е кога хипотироидните симптоми ја зголемуваат својата јачина. Оваа компликација може да се случи и покрај добиениот третман за хипотироидизам. Обично, нападот се случува како одговор на некој дополнителен стрес во животот или при стрес на самото тело. Стресот може да биде голем или мал – но ефектите се честопати исти.
Луѓето кои доживуваат напад на Хашимото можеме да ги слушнеме како кажуваат:
„Се чувствувам болно и омалаксано.”
„Јас сум целосно исцрпен.”
„Ужасно ме болат мускулите и зглобовите.”
„Се чувствувам уморно и воопшто не можев да работам денес.”
„Се чувствувам многу тажно и несреќно.”
ВОСПАЛЕНИЕТО Е ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗАД КОЈА СЕ КРИЈАТ НАПАДИТЕ НА ХАШИМОТО!
Хашимото е едно од најмалку 80 познати автоимуни нарушувања. Во основата на сите автоимуни нарушувања е воспалението.
Кај ваков тип на состојби, имунолошкиот систем на една личност погрешно испраќа клетки да ги нападнат нивните ткива. Овој постојан напад доведува до хронично воспаление, а во случај на тироидната жлезда, евентуално откажување во функционирањето.
Не е јасно зошто имунолошкиот систем почнува да ги напаѓа здравите клетки во телото. Но, голем број на истражувања алудираат дека тоа е комбинација на стрес, генетика и фактори на животната средина кои можат да доведат до овие болести и дека најверојатно произлегува од рана инфекција или повреда.
Често лица што имаат Хашимото, може да имаат и друга состојба како ревматоиден артритис.
Што може да се направи при напад на Хашимото?
Најпрво повлечете се и размислете што може да ги предизвика симптомите: дали се борите со голема одлука, дали сте биле болни или се чувствувате особено изнемоштено? Размислете за сите фактори кои можат да предизвикаат напад и видете дали некои се однесуваат на вашата моментална ситуација.
Проверете го нивото на тироидните хормони за да се осигурате дека вашите тироидни хормони се стабилни и доколку се, да го свртите вниманието кон други фактори и причини за нападот.
Одморете се и дадете си подолго време за спиење бидејќи постојаниот сон во текот на ноќта (најмалку осум часа) е критичен за подобрување на целокупната добросостојба на телото.
Избегнувајте интензивни тренинзи и физички напор за време на нападот на Хашимото. Наместо тоа, одлучете се за нежни активности кои го одржуваат вашето тело во движење за да ја намалите болката во мускулите и зглобовите.
На пример: пешачење, пливање и медитациска јога се одлични опции за вашето тело за време на напад на Хашимото.
Погрижете се вашата исхрана да вклучува многу витамин Д, селен, железо, јод и цинк. Овие хранливи материи помагаат во поддршката на здравјето на тироидната жлезда и можат да ги спречат нападите.