Музиката им помага на децата да се развијат, да го сфатат светот којги опкружува, но и да ги искажат своите лични искуства.
Музиката најчесто се поврзува со уживање и задоволство. Меѓутоа, нејзината едукативна улога е многу значајна со оглед на тоа дека континуирано делува на целокупниот развој на детето.Научните работници откриле дека структурите кои ја сочинуваат музиката се идентични на оние врз основа на кои функционира човековиот мозок. Други студии докажале дека човекот се раѓа со вродена музикалност и дека музиката влијае на нашето мислење и однесување.
Најголема моќ музката покажува со своето влијание врз процесот на учење, развојот на мозокот и организационите особини, како и на целокупниот нервен систем. Во исто време, со музиката се искажува нашата емоционална природа. Во секој случај, таа има есенцијално значење за човековиот живот, бидејќи ја има моќта да на другите им претстави кои сме ние, всушност.
Музиката помага во развој на говорот
Многу е важно да се сфати дека со воведувањето на музиката во животото на детето треба да се почне што порано, за да то анаучи да ја цени и сака класичната музика. Од моментот кога бебето ќе се зачне во стомакот па се до средно училиште – улогата на родителите, колку и да с етие музикални, се состои во постојано претставување на класичната музика на своите деца, со помош на разновидни активности кои го стимулираат нивното учење. Фетусот е во состојба да слуша звуци веќе во 20-тата недела од развојот. Доколку редовно му се овозможува да слуша музика, ќе има способност порано и полесно да ги развие сложение јазични структури. “Песните на мама”или ритмничкиот музички жаргон кој мајката го користи во комуникацијата со бебето, му помага на бебето да го развие говорот.
Предучилишнте деца во игрите користат разни музички инструменти, пеат песнички, маршираат со музика, благодарение на што се усовршува нивната координација на движења, чувство за ритам, меморија, како и способност за слушање.
Кога децата ќе тргнат во училиште, најважната задача која пред нив се поставува е да научат да читаат. Користејчи ја музиката, оваа задача ќе стане значително полесна. Учејќи ритмички песнички, користејќи ритмички инструменти и играјќи музички игри – децата учат модели кои ги формираат музиката и ритамот. Полесно препознаваат самогласки и ги делат зборовите на слогови, што подоцна ќе им биде од голема помош кога ќе учат да читаат.
Полесно се учи математика
Со помош на музиката полесно се учи математика! Кога децата учат ритам, тие во исто време учат делење, дропки и пропорции. Ова се резултати од најновите истражувања спорведени на калифорнискиот Универзитет Ирвин, кои се занимавале со седумгодишни деца.
Неуромузикологијата, или како музиката делува на мозокот, е научна дисциплина која забразано се развива последниве години. Научниците дошле до откритие дека музиката го тренира мозокот за повисоки нивоа на размислување. Според споменатото истражување, музиката исто така го поттикнува развојот на просторно-временското резонирање, кое се користи при учење на виши форми на математика и наука.
Се развива интелектот
Музката влијае на мозкот и на други начини. Заради своите комплексни структури кои се повторуваат, таа го поврзува и развива моторниот систем на мозокот, ги развива сетилата за вид и слух, ја подобрува координацијата, концентрацијата и меморијата. Истражувањата покажуваат дека дека студентите кои слушаат класична музика додека учат, полесно ја впиваат, задржуваат и репородуцираат содржината од оние кои учат во тишина. Денешните научници се во состојба да, како никогаш до сега, протолкуваат на кој начин функционира мозокот. Тие знаат дека богатото искуство создава богат мозок, како и дека бебето доаѓа на свет подготвено за прифаќање на различни стимулации. Овој факт ја става во прв план улогата на родителите, кои на своето дете треба да му овозможат бројни, секојдневни и богати искуства, кои ќе го стимулираат развојот на мозокот кај детето.
Освен што е посебно доживување, со музиката родителите можат на извонреден начин да го обогатат животот на своето дете и да го поттикнат неговиот интелектуален и емотивен развој.
Поттикнува социјални особини
Музиката ги поттикнува социјалните вештини кај детето. Децата кои се занимаваат со музика, развиваат повисоко ниво на социјална кохезија и полесно им е да се разберат себе си и другите. Емоционалниот аспект на музичката активност исто така го поттикнува развојот на една многу важна социјална вештина како што е емпатија (сочувствување со другите).
Повеќето учители ќе ви кажат дека со музиката детето на полесен начин ги изразува своите внатрешни емосии, како и дека со нејзина помош полесно ја развива самодовербата. Како еден вид нејазично изразување, музиката е во состојба да пренесе комплексност од емоции, и на тој начин – посебно кај срамежливи и плашливи деца, на кои им е тешко да комуницираат, им помага да се изразат.