БАНАНИ – Вкусна ризница на здравје

Можеби ќе ви звучи чудно, но постојат одредени проблеми кои бананите ги решаваат подобро од апчињата. Бананата не е само вкусна, туку е и исклучително добра за здравјето бидејќи изобилува со витамини, протеини и голем број други нутриенти.

Овие 10 проблеми бананата ќе ги реши подобро од апче:

  1. Енергија – бананата ќе ви даде дополнителна енергиа веднаш откако ќе ја изедете и тоа е една од причините зошто ги јадат спортистите.
  2. Стрес – одлична е за намалување на стресот. Содржи аминокиселини кои нѐ држат смирени и среќни. Калциумот и магнезиумот, со кои е богата, ќе нѐ заштитат од депресија.
  3. Крвен притисок – добра е за срцето бидејќи содржи високо ниво на калциум, а многу малку сол, па со тоа помага во регулирање на крвниот притисок.
  4. Помнење – една банана дневно добро ќе влијае и на помнењето.
  5. Железо – добра е и за анемија бидејќи содржи доста железо, кое го зголемува нивото на хемоглобин во крвта.
  6. Хормони – го регулира нивото на хормони во организмот.
  7. Ниво на гликоза во крвта – поседува витамини кои го одржуваат нивото на гликоза во крвта, а особено кај бремените жени. Исто така ја намалува и утринската мачнина.
  8. Желудочна киселина – со оглед на високата хранлива вредност, може да ја контрлора киселината во желудникот. Бананата создава и посебен слој во желудникот кој ги намалува шансите да добиете чир.
  9. Добра е за столицата – заради големата количина на влакна една банана наутро ќе ги спречи проблемите со столицата.
  10. Студиите покажале дека бананите ја зголемуваат силата и добро влијаат при месечниот циклус кај жените.

Бананите се богати со влакна и нудат три природни шеќери – глукоза, фруктоза и сахароза, што значи огромен енергетски потенцијал. Добри се во борба против депресија, ве прават попаметни, лечат мамурлак, штитат од рак на бубрези, дијабетес, остеопероза и слепило. Можат да ја смират кожата после каснување  од комарец.

Исто така, тајванските научници откриле дека кората од бананата е богата со серотонин, и може ефикасно да ги ублажи симптомите на депресија. Кората е добра и за очите, бидејќи го содржи антиоксидансот лутеин, кој штити од UV зраците. Се препрачува варење на кората од банана околу десет минути и потоа пиење на изладената вода или мискирање во соковник.