Вистини и лаги за целулитот

Мислите дека само дебелите луѓе имаат целулит? Или мислите дека со кознумирање поголема количина вода ќе се ослободите од целулитот? Што и да мислите ние ви нудиме проверени факти.

Целулитот е само маст

ЛАГА. Целулитот е во поголем дел маст која се оштетила под влијание на слаба циркулација и ослабен лимфен систем. Масните клетки кај жените не се толку блиску една до друга како кај мажите. Седечкиот начин на живот ја ослабнува функцијата на влакната кои претставуваат складиште за масните клетки. Кога влакната ќе се опуштат, доаѓа до создавање на нерамни делови на кожата кои ги нарекуваме целулит.

Целулитот е наследен

ВИСТИНА. Како што од генерација на генерација може да се пренесува ризикот за одредени болести, така генетиката може да игра важна улога кај развојот на целулитот. Меѓутоа, хормоните, начинот на исхрана и животните навики исто така играт важна улога. Оттука ако вашите мајка и баба имале целулит, не значи дека и вие ќе го имате, но на време почнете да усвојувате здрави навики.

Целулитот значи дека си дебела

ЛАГА. Ова е еден од најчестите митови кои претставуваат непотребна фрустрација кај луѓето кои имаат нормална телесна тежина. Голем број жени имаат целулит, но тоа не значи дека сите се дебели. И манекенките и супер моделите имаат барем малку целулит.

Одржувајте здрава телесна тежина, избегнувајте често дебелеење и слабеење бидејќи на тој начин кожата се растегнува и опушта, што целулитот може да го направи уште полош. Доколку вашата тежина е нормална, немојте да се трудите да ги намалите килограмите за да го намалите целулитот, бидејќи намалувањето на тежината нема да има преголемо влијание врз целулитот.

Целулитот се влошува со стареењето

ВИСТИНА. За жал, за повеќето жени ова е груба и грда вистина. Целулитот почнува да се јавувува со зголемувањето на естрогенот во пубертетот, а со годините станува сѐ полош. Колку сме постари, толку сме помалку активни, што исто така создава плодни услови за развој на целулит.

Масните клетки почнуваат да растат, влакната почнуваат да слабеат, циркулацијата се намалува, повеќе течност се задржува и доаѓа до појава на нерамнини на кожата. За да спречите непотребен внес на токсини кој ќе го поттикне задржувањето на вода во телото, престанете со најлошите навики: кафе, алкохол и цигари.

Водата ќе го намали целулитот

ЛАГА. Зголемениот внес на вода нема да ја поправи состојбата. Повеќето луѓе не внесуваат доволно колична вода, а тоа се одразува на кожата. Меѓутоа, ја внесувате препорачаната количина дневна доза на вода за да се помогне на лимфниот систем да се ослободни од штетни супстанци, но ако пиете премногу вода таа може да се задржи во телото, заради што целулитот ќе изгледа уште полошо.

Со вежбање ќе го намалите целулитот

ВИСТИНА. Иако нема во потполност да се ослободите од него, бидејќи и спортистите имаат целулит, ќе ја подобрите циркулацијата, ќе се ослободите од вишокот вода во телото и ќе изгрдаите мускули. Така кожата ќе стане помазна. За да го поттикнете губењето на целулит, редовно правете аеробни вежби (пешачење, танцување, трчање, ролерки) и тоа барем 30 минути 5 дена во неделата.

Правилната исхрана ќе спречи појава на целулит

ДЕЛУМНО ВИСТИНА. Секако дека здравата исхрана е важна, но доколку здраво јадете а ви недостасува физичка активност, нема да го намалите ниту постоечкиот целулит, ниту ќе ја спречите појавата на нов. Исто така, ако вежбате, а јадете нездрава храна, веројатно нема да видите позначајни резултати од вежбањето. Накратко, важно е да конзумирате здрава храна но не заборавајте на физичката активност.

Липосукцијата ќе помогне

ЛАГА. Дури и ако можете да си дозволите липосукција, таа претставува трауматично искуство за циркулацијата и лимфниот систем, поради што многу жени после липосукцијата имаат повеќе целулит од претходно. Промената на животните навики, здравата исхрана и вежбањето ќе помогнат, и тоа на најздрав можен начин.