Млад кромид – вкусен и лековит

Доаѓа сезоната на млад кромид, кој многумина го сакаат поради вкусот, а немаат поим дека е вистинска ризница на минерали и витамини, како и дека е одличен за заштита на здравјето на целиот организам. Зелениот дел од овој моќен зеленчук е особено добар за здравјето.

Постојат 5 причини зошто е добро редовно да се јаде млад кромид, а тоа се:

Го штити срцето

Младиот кромид е богат со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетувања предизвикани од слободните радикали. Покрај тоа, постојат индикации дека младиот кромид може да го регулира нивото на крвниот притисок, но и да го намали ризикот од згрутчување на крвта.

Добар е за видот

Штити од воспаленија и го намалува ризикот од болести на рожницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеин во очите, кој е одговорен за добриот вид. Луѓето на кои им недостасува овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу 3 проценти од дневната потреба за витамин А.

Ги зајакнува коските

Витамините Ц и К, со кои е богат младиот кромид, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 проценти од препорачаната доза на витамин К и околу 2 проценти витамин Ц.

Двата витамини се важни за густината и силата на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.

Може да го регулира холестеролот и шеќерот во крвта

Во овој случај, зелениот дел од кромидот е многу моќен. Истражувањата покажаа дека има корисен ефект врз нивото на холестерол и шеќер во крвта.

Го подобрува квалитетот на кожата

Младиот кромид му помага на телото да произведува колаген, кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на создавањето на брчки на лицето и го има во многу креми. Доколку сакате младешки изглед, младиот кромид нека биде редовен на вашата трпеза.