СЗО: Како да се заштитиме на работното место?

Мерките подолу, чие спроведување не чини многу пари, ќе помогнат да се спречи ширењето на КОВИД-19 на вашето работно место.

Овие мерки ќе ви помогнат да ги заштитите вашите вработени како и вашите клиенти.

Се препорачува менаџерите да ги спроведат овие мерки сега и да превенираат  КОВИД-19 да навлезе во нивната работна средина.  Овие мерки можат да ги намалат изгубените работни денови како резултат на заболувања, да го превенираат или пак забават ширење на КОВИД-19 на вашето работно место.

  • Осигурете се дека работните места се чисти и хигиенски

– Редовно да се пребришуваат површините со средство за дезинфекција (на пр. Маси и табли) и предмети (на пр. Телефони, тастатури)

Зошто? Бидејќи загадувањето на површините што ги допираат вработените и клиентите е еден од главните начини на кои се шири КОВИД-19.

  • Промовирајте редовно и темелно миење/дезинфицирање на рацете на вработените, изведувачите и клиентите.

– Ставете ги распрскувачите со дезинфекционо средство за раце на видните места околу работното место. Осигурај се  диспензерите редовно да се полнат.

– Истакнете плакати што промовираат миење/дезинфекција на рацете

– Осигурете се дека персоналот, изведувачите и клиентите имаат пристап до места каде што можат да ги измијат рацете со сапун и вода.

Зошто? Бидејќи миењето на вашите раце го убива вирусот и го спречува ширењето на КОВИД-19.

  • Промовирајте добра хигиена на респираторниот систем на работното место

– Истакнете постери кои промовираат респираторна хигиена. Комбинирајте го ова со друга комуникација на мерки како што се насоки од службеници за безбедност и здравје при работа, брифинг на состаноци итн.

– Набавете заштитни маски за вработените и марамчиња  за оние кои имаат алергии кои ги тераат на кивањее и кашлање. Дополнително набавете корпи за отпадоци со капаци.

Зошто? Бидејќи добра хигиена на респираторниот систем спречува ширење на КОВИД-19.

  • Накратко информирајте ги вработените, изведувачите и клиентите дека ако КОВИД-19 навлезе во вашата компанија секој што има дури и најмала кашлица или малку покачена телесна температура (37.3 C или повеќе) треба да остане дома и од дома да ги обавува обврските. Исто така сите оние кои имале потреба да консумираат лесни лекарства кои можат да ги замаскираат симптомите од овој вирус (како што се парацетамол / ацетаминофен, ибупрофен или аспирин) исто така да не доаѓаат на работа во временски период од две недели.

– Објаснете им на вработените дека ќе можат да го сметаат овој период како боледување

Запомнете:

Сега е време да се подготвиме за КОВИД-19. Едноставни мерки на претпазливост и планирање можат да направат голема разлика.

Акцијата сега ќе помогне во заштитата на вашите вработени и вашата деловна активност.