Дозволи жената да удри на маса: Научниците тврдат дека бракот е подобар кога жената е главна

Кога жената го води главниот збор во бракот или врската, сѐ функционира подобро – велат стручњаците. Кога традиционалните улоги во бракот ќе се променат така да жената доминира, мажот станува поопуштен, порастеретени посреќен.

Не се работи само за ослободување на мажот од обврски, туку за потребата на жените да завземат водечка положба. Истражувањата покажале дека борбата за моќ меѓу партнерите е вообичаена појава. Ако женета во врската се најде во потчинета положба, тоа има погубно влијание на нејзината психа. Тоа остава големи последици на партнерскиот однос.

Нееднаквоста меѓу половите во ниеден поглед не ги допира мажите бидејќи тие секогаш биле привилегирани. Со самото тоа мажите, својата слобода и човекови права ги доживуваат како нешто природно и не им придаваат никакво значење (така би требало да се чувствуваат и мажите и жените). Само оној кој живее лишен од основните човекови права знае и ја чувствува неправдата, која привилегираните не ја забележуваат.

Жените кои се чувствуваат потчинето во општетството ќе се обидат потсвесно да станат годподари макар на личен план, во својата куќа, кога не можат на друго место. Кога и тој обид на воспоставување еднаквост меѓу половите ќе се изјалови, кога нејзиниот обид со играње главна улога во бракот да направи баланс со нејзиното општествено потиснување ќе пропадне, женското незадоволство и тага избиваат во облик на досадување, прашување, љубомора и слични постапки кои го расипуваат партнерскиот однос. Интимноста меѓу партнерите се губи, стабилноста на бракот се разнишува и се зголемува ризикот од злоставување.

Меѓутоа, кога мажот ѝ е потчинет на жената во врската, тој таа потчинетост не ја доживува како нешто трагично, ниту нужно лошо, со оглед на тоа дека машката самодоверба е на позавидно ниво од женската од проста причина што никогаш не е задушувана.

Поедноставно речено – додека мажот помалку “удира со раката на маса”, а повеќе вели “да драга”, жената е позадоволна, поисполнета и посреќна.

Дури и кога ќе погледнеме зад себе и ќе се потсетиме на убавите бракови на некои баби и дедовци ќе сфатиме дека мажот тогаш само формално бил глава на семејството – главните конци на брачниот живот најчесто ги влечела жената, таа била вистински господар во куќата, нејзиното семејство било нејзиното царство.

Мажот го имал на располагање целиот свет да во него војува победи, додека на жената семејството ѝ било единствено место на кое можела да оствари барем дел од своите потенцијали. Главната улога на жената во бракот е последно прибежиште на потиснатата жена и нејзин единствен доказ дека нешто вреди. Кога тоа ќе ѝ го одземете, таа го губи секое чувство дека е воопшто човечко суштество и дека нејзиното постоење има некакво значење.

Се надеваме дека еден ден сите овие борби ќе можат да исчезнат од машко-женските односи. Сонуваме за денот кога врските ќе бидат втемелени на љубов и вистинско разбирање и почит. Додека тој ден не дојде, дозволете ѝ на вашата жена да удри со ракатана маса, ако тоа доприенсе да се почувствува дека нејзиниот збор е значаен.