Децата најмногу се сеќаваат на родителското внимание, но и на негативните работи

Децата памтат од раѓање, но краткорочно. Најмогу ќе се сеќаваат на вниманието од родителите, но и на оние негативни работи кои оставиле траг кај нив. Прераскажувањето на случките ќе го освежи нивното сеќавање.

Кога се присетуваме на детството, најраните сеќавања ретко датираат пред четвртата или петтата година. Тој феномен стручњаците го објаснуваат со поимот инфантилна амнезија. Иако некои се сеќаваат на впечатливи настани од најраното детство, тешко е да се процени дали станува збор за вистинско памтење или заради често прераскажување се создале слики од настанот.

Првите години од животот се период кога усвојуваме бројни искуства значително повеќе отколку кога било подоцна во животот, но сепак сеќавањата на нив со тек на време исчезнуваат. Детето на предучилишна возраст ќе се присети на настани од раното детство, но тоа сеќавање, ако не е резултат на интензивна случка или врзано со силни емоции, со тек на време ќе избледи.

Прераскажувањето на случките ќе го освежи сеќавањето, но исто така со помош на фотографии и приказни децата ги организираат своите сеќавања, за кои е тешко да се каже дали се резултат исклучиво на искуство или се надополнети со фотографии.

Луѓето го помнат она што е врзано со силни емоции. Помниме ако сме совладале некоја важна цел, ги помниме луѓето со кои сме се чувствувале сигурно, заштитено, пријатно, или пак непријатно. Чувството го повикува сеќавањето. Така, честопати ќе слушнеме постаро лице кое добро ја помни својата најрана околина, улицата каде пораснало, првите пријатели, првите достигнувања, но исто тка и ситуации во кои се чувствувало исплашено и загрозено. Можеби секогаш не се сеќаваме што се случило со друга личност, но секако го помниме чувството поврзано со тоа.

Меѓу петте работи кои децата најчесто ги помнат за своите родители на прво место е сеќавањето на времето кога се чувствувале сигурно со родителите. Овде станува збор за тоа дека секое дете има потреба да се чувствува заштитено, па оттука веројатно ќе се сеќаваат како сте ʺја избркале баба рогаʺ или сте го тешеле после лош сон.

Децата ја мерат љубовта која некој ја има кон нив по количината неподелено внимание кое го добиваат. Моментот кога престанувате да правите нешто и ја сиполнувате детската желба да си поиграте со него, ќе се вреже длабоко во нивното срце и ум. Следна важна работа на која детето ќе се сеќава е нашиот однос кон партнерот. Гледајќи го односот меѓу родителите детето ќе го формира погледот за љубовта. Оттука, пружете им сигурност која произлегува од меѓусебната љубов и уважување.

Внимавајте како разговарате со децата и што зборувате за нив, бидејќи зборовите на родителите исклучително влијаат на нивната самодоверба. И покрај тоа што децата повремено скаат спонтаност, сепак имаат всадена длабока потреба за предвидливо однесување во познати ситуации. Децата ќе помнат како сте им ги организирале родендените, семејните дружења или како секоја недела сте уживале во зеднички ручек на кој се собрани сите членови од семејството.