ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ДОНИРАНИ ОКОЛУ 1,8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЦРВЕН КРСТ НАМЕНЕТИ ЗА ЛИЦАТА ВО ТРЕТАТА ДОБА

Поттикнати од вредностите кои ја обликуваат корпоративнатакултура наАлкалоид“, преточени во хуманост, солидарност и вогрижа за заедницата, над 4.000 вработени, членови на нивнитесемејства и пријатели на компанијата ја продолжија хуманатамисија, која единаесетти пат се спроведува под закрила наФондацијатаТрајче Мукаетов“.

Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, оваа годинавизуализирана преку симболиката на балон со топол воздух, илустриран на специјално дизајнираните маички за овој повод, преку кои вработените наАлкалоид“, членовите на нивнитесемејства и/или нивните пријатели собраа околу 1,8 милиониденари, кои ќе му бидат донирани на Црвен крст на Град Скопје, аќе се наменат за поддршка на социјалните сервиси за стари лица.

„Постарите лица, чија мудрост и животно искуство заслужуваатпочит, внимание и поддршка, се вреден дел од општеството. Сонашата помош на активностите и иницијативите на Црвен крст наГрад Скопје насочени кон социјалните сервиси за лицата вотретата доба, веруваме дека заедно можеме да создадеме условистароста да биде период исполнет со достоинство, сигурност ичовечка топлина. Хуманоста е силата што ги подигнува луѓето, атокму затоа преку оваа поддршка сакаме да им помогнеме напостарите лица да се издигнат над предизвиците и да имаатпоисполнет и поквалитетен живот“, истакна Живко Мукаетов, Генерален директор/Претседател на УО наАлкалоид“ иПретседател на ФондацијатаТрајче Мукаетов“.

Секретарот на Црвен крст на Град Скопје (ЦКГС) СузанаТуневаПауновска истакна: „Една од мисиите на ЦКГС е да импомогне на лицата во третата доба да имаат достоинствена ибезбедна  старост. Нивните предизвици се големиосаменост, намалена мобилност или финансиски тешкотиино затоа сметука ние. Преку домашните посети, уредот Итно копче, санитетскиот транспорт и преку дневните центри за активностареење им овозможуваме поддршка, сигурност и соодветнагрижа. Но, оваа наша мисија не би можела да се реализира безсилни и посветени партнери. СоАлкалоид’ знаеме дека не смесаминивната поддршка ни овозможува да продолжиме сопоголема храброст и енергија и да реализираме повеќеактивности, акции и иницијативи. Заедно можеме повеќе!“.

Во насока на вредностите кои ја обликуваат корпоративнатакултура наАлкалоид“, преточени во хуманост, солидарност игрижа за заедницата, компанијата има воспоставено долгогодишнохуманитарно партнерство со Црвен крст, поддржувајќи ја оваахуманитарна организација како во делот насоцијалнохуманитарната дејност и справувањето со кризи икатастрофи така и на полето на крводарителството. Првиот хуманитарен пикник наАлкалоид“ под закрила наФондацијатаТрајче Мукаетов“ е одржан на 3 септември 2011 година.