Кошмарите кои се случуваат неколку пати годишно се сметаат за нормални, но кога ќе зачестат, може да го нарушат квалитетот на сонот и здравјето.
Кошмарите се појавуваат за време на РЕМ фазата на спиење и се разликуваат од лошите соништа. Според WebMD, лошите соништа нема да ве разбудат среде ноќ, но кошмарите ќе ви го прекинат сонот и ќе ве разбудат одеднаш во страв или паника.
Според експертите, честите кошмари можат да имаат последици врз расположението во текот на денот, но и врз когнитивните способности. Исто така, тие можат да ги променат навиките за спиење ако лицето се плаши да спие за да не ги преживее трауматските настани во сонот. Недостатокот на сон е поврзан со нарушено кардиоваскуларно здравје, како и општото здравје на телото.
Соништата и кошмарите сè уште се мистерија за научниците, а одредени фактори можат да ја зголемат зачестеноста на кошмарите и да го нарушат квалитетот на сонот. Меѓу овие фактори се издвојува секојдневниот стрес кој може да влијае на спиењето и појавата на кошмари. Покрај тоа, не е невообичаено да имате кошмари по трауматски настан како што е претходно насилство или загубата на некој близок. Траумата е особено честа кај луѓето со посттрауматско стресно растројство и може да ги влоши симптомите на нарушувањето во текот на денот.
Ако некое лице страда од биполарно растројство, депресија или шизофренија, тие се со поголема веројатност да доживеат кошмари. Во такви случаи, важно е да му ги спомнете кошмарите на вашиот лекар за да не станат сериозен проблем.
Дополнително, одредени лекови може да предизвикаат кошмари, вклучувајќи антидепресиви, антимикробни средства, бета блокатори, лекови за крвен притисок, лекови за Паркинсонова болест и стимуланси кои се користат за лекување на АДХД. Исто така, кошмарите можат да бидат предизвикани од недостаток на сон, а ненадејните промени во режимот на спиење или несоницата може да предизвикаат почести кошмари.
Храната што ја јадете пред спиење го забрзува метаболизмот и активноста на мозокот. Доколку постои сомневање дека храната доведува до несоница, корисно е да не јадете неколку часа пред спиење. Покрај тоа, страшните филмови и книги можат да предизвикаат кошмари. Според тоа, најважно е да имате добар распоред за спиење пред кој треба да се опуштите.
извор: popara.mk