Сакајќи да им помогнат на рдителите и да ги советуваат како да ги усовршат своите родителски вештини, руските детски психолози и педијатри од таканаречената стара школа, толкуваат како децата реагираат на родителите и нивното однесување кон нив. Ова е нивната листа на совети кои секој родител би требало да ја прочита, убаво да ги запомни и уште поважно – да ги примени. Листата е замислена како обраќање на петгодишно дете кон својот родител:
- Немој да ме разгалиш, знам дека не си обврзан да ја исполниш секоја моја желба.
- Не се плаши да зборуваш со мене отворено.
- Не дозволувај да стекнувам лоши навики – одвикнувањето од нив ќе ми биде уште потешко.
- Не прави да почувствувам дека моето мислење не е важно, во тие моменти нема да се однесувам добро. Тоа би требало да го знаеш.
- Не ме поправај во присуство на други луѓе. Многу подобро ги усвојувам работите кога ќе ми ги кажеш очи во очи.
- Не прави своите грешки да ги доживувам како страшни престапи.
- Не штити ме постојано од последиците на моите постапки. Треба да научам дека за секоја акција постои реакција.
- Не обрнувај внимание на моите задевања. Некогаш едноставно сакам да зборувам со тебе.
- Не се навредувај кога ќе речам дека те мразам. Не те мразам, туку само се бунтувам против твојата власт.
- Не повторувај се по сто пати, инаку ќе се правам дека не те слушам.
- Не ми давај нереални ветувања. Ќе ми биде тешко ако не ги исполниш.
- Не заборавај дека сеуште не можам потполно да објаснам што чувствувам.
- Не ја барај од мене вистината кога се лутиш, од страв може да те излажам.
- Немој да бидеш непостојан/а, тоа ме расипува.
- Не ги оставај моите прашања без одговор. Јас секако ќе ги побарам одговорите, ако треба и на друго место.
- Не вели дека моите стравови не се важни. За мене се многу важни, не се мали и стануваат поголеми кога ти тоа не го разбираш.
- Не се прави дека си совршена личност која не прави грешки. Многу тешко ќе ми падне кога ќе сфатам дека не е така.
- Немој да мислиш дека е недостоинствено да ми се извиниш. На тој начин ме учиш и мене така да се однесувам.
- Не заборавај дека јас брзо растам. Ќе мора често да се прилагодуваш.
- Немој да ми забрануваш да експериментирам. Без тоа не можам да се развивам.
- И, на крај, запомни дека јас не можам да израснам во среќен човек ако дома не ме сакаат многу, многу, најмногу. Но тоа веќе го знаеш.