Заменете го чипсот со семки од тиква

Семките од тиква веќе илјадници години се употребуваат во медицински цели бидејќи се богат извор на витамини. Освен тоа науката потврдила дека со отстојување им расте нутритивната вредност, по што се речиси единствени во природата. Ви носиме уште неколку причини зошто овие вкусни грицки би требало да станат составен дел на вашата исхрана.

СО СЕМКИ ДО ЗДРАВО СРЦЕ

Чствртина чаша од овие семки содржи речиси половина од препорачаната дневна доза на магнезиум, кој е многу важен за вашето срце. Исто така помага и во контрола на крвниот притисок.

ГО ЗАЈАКНУВААТ ИМУНИТЕТОТ

Освен што изобилуваат со магнезиум, семките од тиква се богат извор и на цинк, што помага при регулација на имунолошкиот систем, и така го намалуваат ризикот од вирусни инфекции како настинка и грип. Истражувањата покажале дека, меѓу другото, ја намалуваат количината на замор и помагаат при депресија.

ОДРЖУВАЊЕ НА ЗДРАВЈЕТО НА ПРОСТАТАТА

Уште од дамнина е познато дека семките од тиква се важен дел од исхраната кај мажите бидејќи благотворно делуваат на простатата. Истражувањата покажуваат дека и маслото од тиква и семките, заради високиот процент на цинк, можат да бидат особено корисни за здравјето на мажите, па неретко се употребуваат во лечење на разни здравствени проблеми со простатата како што се зголемена простата и хиперплазија.

ГО НАМАЛУВААТ РИЗИКОТ ОД ДИЈАБЕТ

Според истражувањата, семките од тиква помагаат кај регулацијата на инсулинот, и со тоа ги спречуваат разните компликации поврзани со дијабетот, како што е оксидацискиот стрес, кој е главен причинител за уништување на клетките.

ПОМАГААТ КАЈ НЕСОНИЦА

Земањето на семки од тиква неколку часа пред спиење, особено во комбинација со овошје, придонесува за подобро излачување на мелатонин и серотонин, со што се зголемува регенерацијата на телото во текот на спиењето.