ЈАВЕН ПОВИК на Здружението на Лекари Специјализанти

Здружението на Лекари Специјализанти објавува Јавен повик за ангажирање на стоматолошка ординација во рамките на проектот “И ти си важен!”, кој го имплементира здружението на Лекари Специјализанти со финансиска поддршка од Цивика мобилитас. Опис на ангажманот:
Стоматолошки услуги кои вклучуваат:
– Основен стоматолошки преглед
– Екстракција на заб
– Пломбирање на заб
– Чистење на забен камен
Заинтересираните компании да достават маил со понуда (со износ за секоја услуга одделно) на следната адреса zlspecijalizanti@gmail.com или да достават понуда писмено по пошта или на рака на бул. Јане Сандански 108/14, 1000 Скопје, најдоцна во рок од седум дена по објавување на јавниот повик, со назнака “ПРИЈАВА ЗА СТОМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕДИ – И ТИ СИ ВАЖЕН! “.
Сите доставени информации ќе се третираат како строго доверливи.
Задоцнетите и некомплетни пријави нема да бидат земени предвид.
Само ангажираните компании ќе бидат контактирани.
Со почит, ИО на ЗЛС