Никогаш не си проверил шеќер и ЕКГ, направи сефте во Кампулантата на Д фестивал!
Здружение на Лекари Специјализанти – ЗЛС на Д Фестивал 2023 ќе го спроведува проектот “И ти си важен” кој се состои од бесплатни превентивни прегледи за посетителите.
Секој преглед се состои од ЕКГ, мерење тензија, гликемија во крв, одредување на БМИ и мерење на сатурација како и физикален преглед за да знаеш дека си во топ форма за забавата да може да продолжи!
Освен превентивни прегледи во рамките на проектот ќе се одвива медицинска едукација за подигнување на здравствената писменост, како и делење на презервативи и медицински помагала.
Спремни во секој поглед за www.dfestival.mk