Речиси и не постои домаќинство во чиј фрижидер не се крие барем една тегла кисели краставички. И додека салатата од свеж зеленчук е прилог број еден, овие кисели деликатеси секако би требало да се најдат на вашето мени. А еве и зошто.
Киселите краставички содржат голема количина вода, протеини, растителни влакна и многу малку маснотии. Исто така овие кисели грицки се богат извор на минерали меѓу кои се железо, калиум, натриум и фосфор. Содржат и витамини како што се витамин Ц, А, Б6, Б12, рибофлавин, ниацин и тиамин.
Сите споменати нутритивни вредности овој едноставно подготвен зеленчук го прават здрав и корисен за нашето тело:
- Силен антиоксиданс – го штитат телото од слободни радикали – нестабилни хемикалии кои ги оштетуваат клетките во нашиот организам.
- Тие се извонреден пробиотик – ја балансираат дигестијата и го забрзуваат создавањето на добри бактерии кои се клучен дел од нашата здрава дигестија.
- Го чуваат црниот дроб – освен што ја подобруваат дигестијата, киселите краставички му помагаат на црниот дроб да ги филтрира отровите од организмот.
- Спречуваат настанување чир на желудникот – чирот е внатрешна рана на ѕидот од желудникот, односно оштетување на мембраната предизвикано од киселини. Киселите краставички го штитат желудникот и го балансираат нивото на киселини.
- Помагаат кај дијабетес – истражувањата покажале дека киселите краставички го стабилизираат нивото на хемоглобин – протеин во црвените крвни клетки кои го пренесуваат кислородот. Киселоста на краставичките помага во контрола на дијабетесот.