Најголемите машки сексуални стравови

Исто како и жените, и мажите чувствуваат несигурност во креветот. Не станува збор за нивниот изглед, големината на стомакот или висината, туку за способноста да ја задоволат партнерката. Сето тоа е поврзано со неискуство и несигурност.

Еве од што мажите се ужаснуваат во сексот.

Споредување

“Дали сум подобар од другите?”е прашање по чиј одговор секојдневно трагаат бројни мажи. Иако натпреварот им е во гените, важно е да се знае дека вљубената жена навистина не размислува на тој начин и дека водењето љубов зависи од чувствата и страста. Техниката се совладува, особено кога партнерите се во подолга врска.

Љубомора

Она што секој маж би требало да го знае е дека неговата партнерка имала живот и пред него. Љубомората на бившите сексуални партнери е многу честа, но навистина непотребна и неоправдана.

Изостанок на ерекција

Можеби најголемиот страв на сите мажи е токму тој од потфрлање во клучниот момент. На оние кои за тоа често размислуваат воглавно им се случува, бидејќи недостатокот на ерекција обично го предизвикуваат психолошки потешкотии, а во поретки случаи причината е од физичка природа.

Големина

Вечниот комплекс на речиси секој маж е токму во големината на нивната гордост. Вечното наддавање и споредување почнува уште во училишните денови и продолжува целиот живот. Но големината не е гаранција за уживање. Распрашајте се за бројни техники на заведување и будење на страстите на кои вашата партнерка ќе ви биде многу благодарна.

Траење

Еден од големите машки стравови во креветот секако е и траењето на односот, односно дали сексот ќе трае прекратко или можеби предолго. Но времетраењето на сексот никако не е показател на квалитетот. На жените им се важни некои други вештини, кои генерално се однесуваат на интенизтетот.