Голем број луѓе постојано се настинати, имаат проблеми со дишните патишта, висока телесна температура и кашлица. Но, некои луѓе речиси никогаш не се болни. Која е разликата меѓу нив?
Истражувањата покажале дека чувствителноста на настинки и грип може да биде зголемена заради некои навики како што е количината на шеќер кој го внесувате во организмот или колку е сув вашиот нос. Ова се некои од знаците кои упатуваат на тоа дека вашиот имунитет е ослабен.
Зголемена желба за благо
Прекумерното уживање во слатките нема да ѝ наштети само на вашата фигура, туку и на имунилошкиот систем кој потоа нема да може соодветно да ве штити од бактерии и вируси. Едно истражување покажало дека 100 грама шеќер значително ја намалува способноста на белите крвни клетки да ги уништат бактериите.
Не пиете доволно вода
Постои причина заради која се препорачува внес на течности кога сте болни. На вашето тело му е потребно многу течност за да ги измие токсините. Препорачаната количина вода која треба дневно да ја внесувате зависи од секој човек посебно. Доволна количина вода внесувате ако вашата урина има светло жолта боја, речиси без боја и мирис.
Се борите со вишок килограми
Сите веќе знаеме дека вишокот килограми се штетни за срцето, мозокот и другите телесни органи. Но, треба да знаете дека вишокот килограми значително го ослабнува имунолошиот систем. Оние кои се борат со тешки облици на грип или настика често имаат индекс на телесна маса над 40, што според сите ктитериуми значи дебелина. Прекумерната телесна тежина предизвикува хормонална нерамнотежа и воспаление кои ја намалуваат способноста на имунолошкиот систем да се одбрани од инфекции.
Вашиот нос е сув
Течењето на носот е одбрамбен механизам на телото со кој ги победува настинката и грипот. Слузницата во носот ги спречува вирусите и го спречува нивниот влез во телото. Ако вашите носни канали се суви, бактериите и вирусите полесно ќе влезат во дишниот систем. Ако сувоста на носот е моментален проблем, решете го со капки. Но, ако постојано имате ваков проблем, обратете се на лекар за да ја откриете причината за сувиот нос.
Хроничен стрес
Хроничниот стрес е еден од најголемите непријатели на имунолошкиот систем. Превисоко ниво на стрес во телото нема само да го зголеми ризикот од појава на грип и настинки, туку и ќе ги влоши симптомите. Луѓето кои се под хроничен стрес често ги чувствуваат најтешките симптоми и им треба двојно подолго време за да оздрават.
Постојано сте настинати
Ова е знак кој упатува на тоа дека имунитетот не работи како што треба. Возрасен човек во текот на сезоната би бил настинат до 3 пати, што во просек трае 3-4 дена. Ако сте настинати почесто, тоа значи дека немате развиен никаков отпор. Повеќе спијте, вежбајте и усвојте здрави прехрамбени навики и почнете да конзумирате храна која го јакне имунитетот.