ЈАВЕН ПОВИК
И ти си важен !
за ангажман на предавачи на работилница на тема
“Предизвици во комуникацијата со пациенти од социјално ранливи категории”
Критериуми за селекција:
Експерт во областа на комуникацијата
- Да има завршено најмалку високо образование од областа на општествените науки
- Да има познавање на барем еден од светските јазици
- Да има искуство во предавање на соодветната тематика
- Да има објавени трудови или истражувања на соодветната тематика
Критериуми за селекција:
Експерт во областа на медицинските науки/доктор по медицина
- Да има завршен медицински факултет со просек над 8,5
- Да е лекар специјалист или специјализант
- Да поседува важечка лиценца за работа издадена од ЛКРСМ
- Да има познавање на барем еден од светските јазици со ниво на познавање C1 по европска рамка за познавање на јазици
- Да има искуство во предавање на соодветната тематика
- Да има искуство со работа на проекти
- Предност при изборот имаат активните членови на здружението на Лекари Специјализанти, како и претходните негови соработници.
Секој заинтересиран кандидат, кој ги исполнува горенаведените услови, може да достави своја кратка биографија во канцелариите на здружението или на e-mail адресата zakazetepregled@gmail.com, најдоцна до 05.02.2023 година, со назнака ПРИЈАВА ЗА ПРЕДАВАЧ. Кандидатите кои ќе достават уредна документација, ќе бидат повикани на интервју за селекција.