Вкупно 49 случаи на сезонски грип биле регистрирани на подрачјето на Куманово во текот на месецот февруари, покажува статистиката на Институтот за јавно здравје.
Тоа е намалување во однос на јануари кога биле регистрирани вкупно 82 заболени лица.
Во текот на првата недела од март биле регистрирани само четири случаи на сезонски грип.
Од почетокот на сезоната 2021/2022 во Куманово се регистрирани вкупно 214 случаи на грип, од кои најмногу во јануари.
Што се однесува до возрасните групи најранлива била категоријата граѓани од 15 до 64 години, односно тука биле регистрирани 143 заболувања, 37 случаи во возрасната група од пет до 14 години, 20 во категоријата над 65 години и биле регистрирани 14 заболувања кај најмалите деца до четири години.
Во текот на 9-та недела од 2022 година (28.02-06.03.2022), во целата држава пријавени се 17 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, што е намалување од 37,0% во споредба со минатата недела.
Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнале 327 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 5 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, детектирани се 6 случаи на грип, сите Influenza A несубтипизиран.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 9-та недела од минатата сезона е намален за 66,0%, а во споредба со бројот за 9-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) се регистрира намалување од 99,3%.
превземено од: https://kumanovskimuabeti.mk/vo-fevruari-imalo-49-sluchai-na-grip-vo-kumanovo/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=vo-fevruari-imalo-49-sluchai-na-grip-vo-kumanovo