„Дајте музика“ со стари и нови македонски хитови за сите генерации

Триесетте продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“, како и минатата сезона, изобилуваа со забава, дружење, перипетии, детски интриги, радости, разочарувања и разни негодувања. Ѕирнавме во иднината, се ставивме во верстерн филм, формиравме сопствен гаража-бенд, маалска библиотека, се вљубивме и одљубивме но најважно е што уживавме во вистинска забава со најдобрата македонска музика.

„Дајте музика“ и во новата сезона продожи со својата мисија да ја доближи македонска музика до младата публика. Познатиот детски серијал и повторно лансираше многу авторски хитови на кои се потпишуваат некои од нашите најпознати композитори како Роберт Билбилов, Борче Кузмановски, Никола Мицевски, Никола Перевски- Пере, Лазар Цветковски и други. Како изведувачи на песните се јавуваат талентирани деца пејачи, децата актери во серијалот а гости во втората сезона од познатите македонски пејачи беа Каролина Гочева со „Обичен необичен ден“ и Влатко Лозановски со песната „Другар“.

Особено радува фактот што некои од постарите македонски хитови имаат огромна гледаност кај најмладата публика. На овогодинешната топ листа на „Youtube“ каналот на „Дајте музика“ во изминативе 3 месеци убедливо води преработката на „Сите мои слики“ од групата „Ареа“ со близу 370,000 прегледи, легендарната „Скопје“ на Влатко Стефановски со скоро 270,000 прегледи и неодамнешното Божиќно „Бекутан“ видео со преработка на песната „Ѕвона“ од Каролина Гочева со над 300,000 прегледи на сите канали. Протагонистите на серијалот, со своето скромно музичко искуство, сами успеаа да ја изведат и легендарната „Неправда“ од „Лева Патика“ на лајв дружењето со своите фанови на социјалните мрежи. Идолите на новата генерација успеаа да ја доближат македонската музика до најмладата публика која очигледно ужива во најдобрите македонски музички хитови. Тоа го докажува и фактот што некои од музичките видеа поставени на „Youtube“ каналот на „Дајте музика“ имаат гледаност од над 800,000 а самиот канал надмина 24,5 милиони прегледи.

Оваа година, продукцијата „Рифенштал“ под покровителство на „Македонската радио телевизија“ издаде два музички диска со најдобрите хитови од двете сезони на серијалот кои промотивно се делат на фановите преку каналите на социјалните мрежи.

Наскоро следува нов проект кој дечињата ќе го подготват по повод 85 годишниот јубилеј на компанијата „Алкалоид“ а во кој преку еден голем македонски хит ќе се изрази благодарност до најзасегнатите општествени категории со пандемијата.

 

https://www.youtube.com/watch?v=sUs86p1ef_8&list=PLeWxm3iPVQMhLXJJ33d7XshE2bdrS-A2Q

 

https://www.youtube.com/watch?v=kqd3jMRcpww&list=PLeWxm3iPVQMhLXJJ33d7XshE2bdrS-A2Q&index=2

 

https://www.youtube.com/watch?v=FfQlvFTZ8tI&list=PLeWxm3iPVQMhLXJJ33d7XshE2bdrS-A2Q&index=5

 

https://www.youtube.com/watch?v=3SlpiDdKOfI&list=PLeWxm3iPVQMhLXJJ33d7XshE2bdrS-A2Q&index=24

 

https://www.youtube.com/watch?v=3vX3HZ-2lx0&list=PLeWxm3iPVQMhLXJJ33d7XshE2bdrS-A2Q&index=19

 

https://www.youtube.com/watch?v=T6HI0EYBFcA&list=PLeWxm3iPVQMhLXJJ33d7XshE2bdrS-A2Q&index=25