Ако вака ја третирате косата веројатно секогаш ќе биде оштетена

Кои се најчести причини за оштетување на косата? Што правиме погрешно па косата никако не може да го добие тој фамозен сјај како од рекламите.

Во зима сме изложени на топлината во затворен простор, додека надвор се соочуваме со екстремно ниски температури. Таквите температурни разлики исто така ја прават косата дехидрирана, без сјај, крута и кршлива.

Фенирање

Честа изложеност на извори на топлина, како што се фен, преса и пегла за коса ја прават вашата коса кршлива. После таквите третмани косата можеби изгледа убаво, сјајно и негувано, но ако често се фенирате влакното станува круто и кршливо.

Фенирањето не мора нужно да биде штетно за косата. Со правилна употреба на фен и четка можат да се избегнат оштетувањата на влакното. Основно правило е да не го приближувате премногу фенот до четката, топлиот воздух насочете го долж влакното и прилагодете ја температурата и брзината на дување. Пожелно е да ѝ дозволите на косата после фенирањето да се излади и да се прилагоди на надворешната температура пред излегувањето на ладен воздух. На пазарот постојат и препарати кои го штитат влакното и краевите од високи температури и ладен воздух.

Хормони

Таблетите за контрацепција, бременоста и менопаузата исто така можат да имаат негативен ефект на косата. Доколку тоа го забележите задолжително посоветувајте се со лекар и не препуштајте ништо на случајност.

Погрешен шампон

Сите шампони не се исти. Ако сакате убава, здрава и сјајна коса, правилниот избор на шампон, регенератор и маска е од исклучително значење. На пазарот постојат шампони прилагодени кон различни видови и типови коса и скалп.

Ако не сте сигурни кој тип е вашата коса, посоветувајте се со фризерот кој ќе ви помогне правилно да ги одберете препаратите за нега и стајлинг. Избегнувајте советување со продавачите во дрогериите, бидејќи тие сепак не ги познаваат добро производите кои ги продаваат.

Исто така, најдобро би било препаратите за нега на косата да ги набавите од својот фризер, кој ги познава своите препарати а ја познава и вашата ксоа. Професионалните шампони се малку поскапи, но обично се поконцентрирани и подолго траат, така што на долг рок инвестицијата ќе ви се исплати, а ќе добиете многу поквалитетен препарат, вашата коса ќе биде здрава и сјајна а и вие ќе бидете многу позадоволни.

Чешлање мокра коса

Косата е најчувствителна кога е мокра. Чешлањето мокра коса нужно ќе ги оштети врвовите на влакното. Мократа коса е поеластична и порастеглива. Здравата коса нема потреба да се расчешлува после миењето. После нанесувањето балзам, кондиционер или маска доволно е само добро да ја измиете под силен млаз и со прстите благо да поминете низ косата во правец од коренот кон краевите. Млазот вода сам по себе ќе ја размрси косата. Чешлањето треба да следува откако косата ќе се исуши. Исто така треба да одберете и соодветна четка за чешлање која нема да ги кине краевите на влакното.