Зошто работодавачите и организаторите треба да размислуваат за КОВИД-19?
Според СЗО организаторите на состаноци и настани треба да размислат за потенцијалниот ризик од КОВИД-19 затоа што:
- Постои ризик луѓето што присуствуваат на вашиот состанок или настан несакајќи да го доведат КОВИД-19 вирусот на состанокот. Другите не знаејќи ќе станат изложени на вирусот.
- Иако КОВИД-19 е лесна болест кај повеќето луѓе, на околу 1 од секои 5 лица кои фаќаат КОВИД-19 им е потребен болнички третман.
Клучни мерки за спречување или намалување на ризиците од КОВИД-19 според СЗО:
ПРЕД состанокот или настанот
- Проверете ги советите од надлежните органи во заедницата каде планирате да одржите состанок или настан. Следете ги нивните совети.
- Развијте и договорете план за подготвеност за спречување на инфекција на вашиот состанок или настан.
– Размислете дали е потребен состанок лице в лице или истиот може да се спроведе преку интернет алатки за комунникација?
– Може ли состанокот или настанот да се намалат за да присуствуваат помалку луѓе?
– Набавете доволно заштитни маски, средства за дезинфекција и хартиени марамчиња.
– Активно следете каде циркулира КОВИД-19. Однапред советувајте ги учесниците дека доколку имаат некакви симптоми или се чувствуваат лошо, не треба да присуствуваат.
– Осигурете се дека сите организатори, учесници, угостители и посетители на настанот споделат со вас:: мобилен телефонски број, е-пошта и адреса каде што престојуваат. Јасно известете ги дека нивните детали ќе бидат споделени со локалните власти за јавно здравје доколку некој од присутните развие симптоми на КОВИД-19. Секој што не се согласува со ова не може да присуствува на настанот или состанокот.
- Развијте и договорете план за одговор во случај некој на состанокот да се пројави симптоми
на КОВИД-19 (сува кашлица, треска, малаксаност). Овој план треба да вклучува барем:
– просторија или област каде може да биде безбедно изолиран некој што не се чувствува добро или има симптоми
– Имајте план како можат безбедно да се пренесат од таму во здравствена установа.
– Охрабрете го редовното миење со раце или употреба на дезинфициенс за раце кај сите учесници на состанокот или настанот.
– Охрабрете ги учесниците да го покриваат лицето со свиокот на лактот или хартиено марамче, доколку тие кашлаат или киваат. Набавете хартиени марамчиња и корпи со поклопец.
- Поставете диспанзери со дезинфекција на повеќе места каде што се одвива настанот.
- Седиштата организирајте ги со одалеченост од 2 метри.
- Отворете ги прозорците и вратите кога е можно за да бидете сигурни дека местото е добро проветрено.
ПО средбата
- Задржете ги имињата и деталите за контакт на сите учесници најмалку еден месец. Ова ќе и помогне на здравствените власти да ги следат лицата кои можеби биле изложени на КОВИД-19 ако еден или повеќе учесници се разболат по настанот.
- Ако некој на состанокот или настанот бил изолиран како осомничен случај, организаторот
треба да ги информира учесниците. Треба да се советуваат да се следат за симптоми 14
денови и да ја мерат својата температура двапати на ден.
- Доколку се развие дури и блага кашлица или треска со низок степен (т.е. температура од 37,3 Ц или повеќе) тие треба да останат дома и да се изолираат. Ова значи да се избегне близок контакт (помалку од 2 метри) со други луѓе, вклучително и членови на семејството. Тие исто така треба да се јават кај нивниот давател на здравствени услуги или локалниот оддел за јавно здравје, давајќи им детали за нивното неодамнешно патување и симптоми.
Запомнете:
Сега е време да се подготвиме за КОВИД-19. Едноставни мерки на претпазливост и планирање можат да направат голема разлика.
Акцијата сега ќе помогне во заштитата на вашите вработени и вашата деловна активност