Докторите се загрижени за потенцијалните ризици за бремени жени и новороденчињата од Ковид-19 вирусот, но досега според новиот напис објавен во медицинскиот весник JAMA се чини дека не постои зголемен ризик.
Сè уште има ограничени податоци, пишуваат коавторите, и жената што планира бременост може да ги праша лекарите дали има потреба да се одложи истото.
„Врз основа на ограничени податоци, се чини дека не постои привлечна причина да се препорача одложување на бременоста“, рекоа авторите, кои се педијатри на Универзитетот во Флорида и универзитетот Емори во Џорџија.
„За жените кои се бремени, примарната препорака е да избегнуваат зарази со САРС-КоВ-2 преку хигиена и мерки за социјално дистанцирање“, напишаа тие.
Истражувачите почнуваат да ги анализираат податоците за бремени жени и СОВИД-19 во САД. Според податоците во New York, процентот на бремени жени со KОВИД-19, како и оние кои имаат сериозни последици, се слични на стапките кај не-бремените жени.
Кај повеќето новороденчиња тестирани за KОВИД-19 по раѓањето, резултатите беа негативни, напишаа тие. Сепак, некои новороденчиња се позитивни, а истражувачите испитуваат дали преносот се случил пред, за време или по раѓањето. Тие исто така го истражуваат и мајчино млеко како можен преонсител.
„Со оглед на придобивките од мајчиното млеко, кога е возможно, новороденчето треба да се храни со мајчиното млеко без оглед на КОВИД статусот на мајката“, напишаа авторите. Во болниците, вработените може да го намалат ризикот од инфекција при породување со тестирање на пациенти за време на приемот во случај истите да се асимптоматски случаи заболени од коронавирус.
Дополнителните податоци ќе продолжат да бидат објавувани како што продолжува пандемијата, пишуваат коавторите, така што лекарите и бремените жени треба да следат нови ажурирања од професионални медицински институции и организации.
„Информациите за СОВИД-19 брзо се менуваат“, напишаа тие. „Бидејќи дополнителните податоци стануваат достапни, препораките може да се променат“.