Преку нашиот долгогодишен партнер, Црвениот Крст на РСМ, компанијата одлучи да донира 15 милиони денари за поддршка нанастраданите граѓани и нивните семејства засегнати од стравичнататрагедија во Кочани. „Алкалоид“ АД Скопје упатува благодарност дооваа организација и до секој еден од нивните 165 ангажирани волонтери,кои безрезервно помагаа во бројни ситуации. Во оваа прилика, би сакаледа искажеме посебна благодарност и до сите здравствени системи и здравствени професионалци во земјава, во регионот и низ Европа, коинесебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења воклучните моменти од животоспасувачката мисија.
„Алкалоид“ АД Скопје, од 16 март наваму, во неколку наврати, симболично им помогна на здравствените установи во Македонија сопроизводи од својот асортиман, во делот на пројавените потреби. Покрајгоренаведената финансиска донација преку Фондот на солидарност наЦрвениот Крст, компанијата ќе продолжи да помага онаму каде е потребна помош и поддршка.
Во името на нашиот колектив, изразуваме длабоко сочувство досемејствата на настраданите и искрено жалење за ненадоместливитезагуби. Истовремено, упатуваме искрени желби за брзо закрепнување наповредените кои се лекуваат во земјава и во странство.
За крај, би сакале да ги поздравиме напорите за помош на сите поединции организации, кои со сопствени ресурси и несебични ангажманипридонеле и придонесуваат за поефикасно справување со трагичнитепоследици. Понекогаш, и мал гест или убав збор за утеха и поддршкаможе да направи голема разлика.