ШВЕДСКА ДИЕТА – диета која го освојува светот

“Шведската диета”,односно LCHF начинот на исхрана стана популарен во целиот свет. Овој режим на исхрана, како што и самиот назив кажува (low carb, high fat) пропагира намален внес на јаглехидрати, а акцент става на мастите и протеините.

Оваа диета уште се нарекува и “Шведска диета”, бидејќи токму Швеѓаните први ги прифатиле LCHF правилата и многу ги користат во секојдневниот живот.

Швеѓаните две години спроведувале истражување за овој начин на исхрана и дошле до заклучок дека овој режим не само што е потполно сигурен, туку е и многу здрав. Сепак, не мора целосно да се откажете од благо, бидејќи постојат и дозволени варијанти, а освен тоа секогаш сте сити, здрави и полни со енергија.

За љубителите на месо, млечни производи и риба ова е секако одличен избор, а оние кои ја применувале истакнуваат дека со овој начин на исхрана може да се регулира шеќерот во крвта (поради што особено се препорачува за дијабетичари) и значително да се намали телесната тежина. Уште една поволност на оваа диета е тоа што можете да заборавите на калориите, како и на одредена саатница, но затоа мора строго да се придржувате до правилата и во ниеден случај не смеете да посегнете по забранетите производи.

ДОЗВОЛЕНИ ПРОИЗВОДИ

Сите видови месо ( пилешко, јунешко, свинско, мисиркино, дивеч). Сите видови риби и ракови, јајца на сите начини.

Зеленчук кој расте над земја: зелка, кељ, брокула, прокељ, тиквички, маслинки, патлиџан, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, кромид, пиперки, модар патлиџан и сл.

Млечни прозиводи со висок процент на маснотии: јогурт, путер, павлака, кајмак, грчки јогурт, разни видови сирење.

Оревести плодови: семки од сончоглед, ореви, семки од тиква, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви.

ДОЗВОЛЕНО ПОНЕКОГАШ

Зеленчук: Цвекло, морков, репа, целер.

Овошје: Една овошка на ден наместо благо, особено малини бидејќи содржат мала количина шеќер.

Алкохол: Вино, виски, бренди, вотка, коктели без шеќер и тоа еден до два пијалоци неделно.

Чоколадо со поголем процент какао (повеќе од 70%) и тоа еднаш до два пати неделно.

НЕ Е ДОЗВОЛЕНО

Шеќер, сокови, газирани пијалоци, теста, колачи, мафини, сладолед, торти, мусли, вештачки засладувачи.

Житарки и скроб: леб, тестенини, ориз, компир, помфрит, чипс, житарици, каши.

Маргарин и рафинирани масла.

Најдобро е да се распоредат пет помали или средни оброци во текот на денот. Не смеете да се прејадувате. Користете помали чинии.

НАПОМЕНА: Некои диети како што се формулите за слабеење можат да бидат штетни за вашиот организам. Не се препорачува користење на ниту една диета без претходна консултација со лекар. Диетите ги пренесуваме со најдобра намера и не сме одговорни за успех на истите, нивната можност за штетност по здравјето како ни за други последици кои нивната примена може да ги предизвика, па спроведувањето на оваа диета го превземате на сопствена одговорност.