ЕДНА ГОДИНА СТРАТЕШКО ПАРТНЕРСТВО НА „АЛКАЛОИД“ И СОС ДЕТСКО СЕЛО

Децата се нашата иднина! Секое дете има право на топол дом, грижа и љубов! Секое дете е и наша грижа!“ – моќни пораки спремазаедницата и силни причини за синергија, кои во целост гипрепознаваат и ги почитуваат обете организации.

Во годината кога брендотБекутан го слави својот 45-годишен јубилејзапочна стратешката соработка со СОС Детско селоорганизација којаво моментов води грижа за близу 500 деца и младинци во земјава кои себез родителска грижа или се во ризик да ги изгубат своите родители. Водекември 2022 година една од куќите на СОС Детско село, налокалитетот во населба Ченто, беше именувана воБекутан куќа“, закоја компанијата стана клучен помагател и главен поддржувач, притоаградејќи искрени релации меѓу згрижувачкото семејство и вработенитевоАлкалоид“ АД Скопје. Во рамките на јубилејниот проект, компанијата издвои преку 2 милиони денари наменети за секојдневнонепречено функционирање на Куќата и на активностите поврзани соработењето на организацијата и на негувателите.

 

„Во декември минатата година, во пресрет на нашиот јубилеј – 45 години од постоењето на детскиот брендБекутанзапочнавме сотаканареченото кумство, т. е., во соработка со СОС Детско село, водимегрижа за пет дечиња на возраст од пет до тринаесет години и за сето онашто е потребно околу нивното живеење таму. Во текот на годината сеиздвојуваше одреден процент од продажбите на нашата детска колекцијаи беа собрани над 2 милиони денари, кои ќе му бидат донирани на СОСДетско село. Нашата соработка ќе продолжи и во текот на претстојнатакалендарска година”, изјави Живко Мукаетов, Генерален директор иПретседател на Управниот одбор наАлкалоид” АД Скопје.

 

Јулијана НаковаГапо, национален директор на СОС Детско село, истакнувајќи ја својата благодарност за оваа соработка и потенцирајќи јаважноста на донаторската помош за децата згрижени во овој локалитет, изјави: „’Алкалоид’ како стратешки партнер на СОС Детско село веќеедна година ја поддржува нашата кауза за помош на деца без родителскагрижа преку најголемиот македонски брендБекутан и преку кумствотона една куќа во СОС Детско село. Влијанието од поддршката наАлкалоид’ оди подалеку од финансиската помошовозможувастабилност и развој. Му благодариме на донаторот за посветеноста нанашата кауза.“

 

Како дел од партнерството, освен финансиското олеснување натековните трошоци, дополнително се обезбеди и континуиранаедукативна поддршка за децата и се придонесе да се олесни пристапотдо професионално советување и до третмани за совладување наразвојните предизвици на децата во семејството.

 

Во рамките на СОС детското село беше прославен и првиот јубилеј наоваа хумана соработка преку изложба на цртежи, кои специјално запригодата ги нацртаа дечињата од СОС Детско село, на темаЉубов е…“, при што секој цртеж ќе биде награден одБекутан, затоа што секоеод децата е победник во мисијата наречена љубов! Сите прекрасницртежи на дечињата ќе бидат претставени во дел од идните кампањи накомпанијатаАлкалоид“ поврзани со детската колекцијаБекутан.

 

СОС Детско село функционира на принципот на донации одиндивидуалци, компании, институции и од разни форми на партнерства. Секој може да донира, а донираните средства се користат исклучиво запотребите на згрижените деца. Линкот за донации е: https://sos.org.mk/doniraj-33/