Одлучноста на компанијата и подготвеноста на сите вработени да им помогнат на оние на кои им е најпотребно се најголема потврдаза улогата на „Алкалоид“ како општествено одговорна компанија. Компанијата во изминатиот период реализираше повеќехуманитарни проекти организирани заедно со Црвен крст на ГрадСкопје, со социјалното претпријатие „Копче“ и со Институтот затрансфузиона медицина.
Вработените на компанијата, како главни амбасадори на добротодело, и овојпат несебично го дадоа својот придонес и се вклучијаво сите хуманитарни акции на „Алкалоид“, доследнопретставувајќи ги компаниската култура и посветеноста. Во духотна човековата солидарност, постигнати се одлични резултати водонаторските акции, на кои тие се особено горди: собран е речиси1 тон донирана облека која не им е потребна, но која е зачувана и која сѐ уште може да се користи, и речиси 1 тон храна за подготовка на пакети со храна – донации наменети за ранливитекатегории и за социјално загрозените семејства, за да се помогнеза полесно справување со секојдневните предизвици со кои се соочуваат. Особено радува продолжувањето на веќе воспоставената соработка со Црвен крст за крводарителски акции, која резултираше со собрани 340 единици крв во двете акции спроведени оваа година, бројка која зборува за големата мотивираност на вработените, но и за индивидуалната и за колективната општествена одговорност кои беа манифестирани преку чинот на крводарување.
Зацврстувајќи го имиџот на партнер на општеството посветен напоттикнување значајни промени и на остварување позитивновлијание, „Алкалоид“ континуирано ги исполнува своите заложбиза општествено одговорно однесување и преку конкретни проектии позитивни примери ќе продолжи да дава активна поддршка зазаеднички иницијативи кои имаат цел да ги поттикнат хуманоста и човековата солидарност, но и да ја унапредат колективната свест и одговорност спрема заедницата.