Астма

Астмата е заболување кое што доведува до отекување и стеснување на дишните патишта во белите добови, што доведува до губиток на воздух, болки во градите, кашлица и свирење во градите.

Причини, инциденца и ризик фактори

Астмата е предизвикана од инфламанција во дишните патишта. Кога се случува напад на астма, мускулите кои се наогаат во зидот на дишните патишта се затегаат и внатресниот обложен зид на дишните патишта отекува. Ова го намалува количеството на воздух кој нормално треба да влезе и излезе од дишните патишта во белите дробови, а е потребен за нормална функција на организмот.

Кај поосетливи луѓе, симптомите на астма можат да бидат предизвикани со вдишување на субстанции кои можат да предизвикаат алергија (таканаречени алергени или тригери).

Најчестите предизвикувачи на астма:

  • Животни (влакна од животни)Animals (pet hair or dander)
  • Прашина
  • Временски промени во зима (најчесто ладното време во зима)
  • Хемикалии во воздухот и храната
  • Физичка активност
  • Мувла
  • Полен
  • Респираторни инфекции, како настинка
  • Јаки емоции(стрес)
  • Чад од тутун

Aspirin- от и другите нестероидни антиинфламаторни лекови (НСАИЛ) ја провоцираат астмата кај некои пациенти.

Многу луѓе со астма имаат лична или фамилијарна историја на алергии, како што е алергичен ринитис или егзем. Некои пак немаат историја на алергии.

Јавете се кај вашиот матичен лекар кога:

Ќе се јават симптоми на астма.

Јавете се кај вашиот матичен лекар или во итна медицинска помош ако:

  • Нападите на астма имаат потребите од повеќе лекарства од препорачаните
  • Симптомите се влошуваат и не се подобруваат со терапија која вече ја земате
  • Имате глад за воздух додека зборите
  • Мерите peak flow во домашни услови и резултатот е 50% – 80% од вообичаениот ваш најдобар резултат

Јавете се веднаш во ургентен дијагностички центар доколку се јават следните симптоми:

  • Вртоглавица и конфузност
  • Глад за воздух и во мирување
  • Резултатаот од peak flow во домашни услови е 50% од вообичаениот ваш најдобар резултат
  • Јака градна болка
  • Помодрување на усниците и лицето
  • Тешко дишење, придружено со брз срцев пулс
  • Екстремна анксиозност како резултат на гладот за воздух

Превенција

Можете да ги намалите симптомите на астма со избегнување на вообичаените предизвикувачи кои ве иритираат вас лично(нема универзален иританс, тој е индивидуален, односно личен за секој пациент), односно вашите дишни патишта.

  • Покривки за душек кои се докажани како успешни во содавање на бариера помегу алергенот и вас, односно таканаречена *домашна прашина*.
  • Исфрлете ги килимите, теписоните, етисони и слично, нека површината биде гола и нека се чисти редовно.
  • Користете само детергенти кои немаат мирис кој може да ве иритира во куката.
  • Одржувајте ја влажноста во домот ниска и осигурајте да нема влага како не би се појавила мувла во домот.
  • Одржувајте ја куќата чиста и нека храната и садови со храна бидат на правилно место а не насекаде во куќата, ова ја налува можноста за нечистотија, појава на мувли и слично и бидејки појавата на лебарки може да биде предизвикувач кај некои луге.
  • Ако некој е алергичен на животински влакна, а животното неможе да се изнесе од домот, треба да се осигура да тоа не биде во спалната соба. Да се чистат животинските влакна од домот со цел да се намали можноста за контакт со истите.
  • Престанете да пушите цигари во домот или другите да пушат во вашиот дом. Ова е најважното нешто што вие , но и другите можат да го направат за вас во семјествот, но и блиските пријатели. Пушењето надвор пред куќата или на балкон не е доволно. Вашите блиски кои пушат можат кога доагаат во домот да ги внесат честиците на тутун, што е битно за оние кои се осетливи и на мали количини.

Личности кои страдаат од астма треба да избегнуваат загадување на воздухот, индустриски прашини, и други иритантни гасови колку е можно повеќе.