Грчката влада, наводно, разгледала алтернативни сценарија за задолжителна вакцинација против Ковид-19, во случај целта на дадените милион нови вакцини да не биде постигната наскоро.
Покрај проширувањето на обврската за вакцинација на повеќе професионални категории, се размислува и за воведување на возрасни критериуми.
Ова би се однесувало на луѓе постари од 50-55 години кои се професионално активни и кои се со поголема веројатност да бидат хоспитализирани доколку се заразат со вирусот, пренесува грчкиот портал „Катимерини“.
Во исто време, направен е план за пополнување на празнините во персоналот што ќе произлезат од суспензијата на здравствените работници кои одбиваат вакцинација.
Ова подразбира забрзани постапки со тримесечни и шестмесечни договори за вработување.
Задолжителна вакцинација за сите здравствени работници
Од денес невакцинираните работници во здравството ќе бидат испратени на принуден неплатен одмор .
Бројките на невакцинирани во овој сектор изнесуваат околу 10-15 000 вработени во болниците .