Вирологот и микробиолог на Ветеринарниот институт во Кралево, Миланко Шеклер, изјави дека вакцинираните против коронавирус можат да ја шират заразата, но додаде дека тоа е случај со секоја вакцина.
„Вакцинираните лица можат да го шират вирусот, но тоа не е специфичноста на оваа вакцина – се однесува на сите вакцини. Сите сме вакцинирани против туберкулоза, но сите амбуланти се полни“, изјави Шеклер за ТВ Прва.
Тој посочи дека ниту една вакцина не штити 100 проценти од инфекцијата, но дека вакцинираните лица имаат помали шанси да се заразат, а кога тоа ќе се случи, инфекцијата е лесна.
На прашањето дали можат да се вакцинираат лица алергични на пеницилин, Шеклер одговори дека треба, бидејќи, како што додаде, кај вакцините против коронавирус регистрирани во Србија, алергијата на пеницилин не е контраиндикација.
„На вакцините е напишано дека е можна контраиндикација кај луѓе кои имале алергии на вакцината или на некоја состојка од неа, но не и на пеницилин“, потенцира тој.