Шпанската фармацевтска компанија „ФармаМар“ во вторникот соопшти дека во магазинот „Наука“ (Science) објавен е труд кој потврдува дека нејзиниот лек „плитидепсин“ поседува „силна претклиничка ефикасност“ во лекувањето на Ковид-19.
Кусо по отворањето на берзата акциите на „ФармаМар“ скокнаа за 13 отсто на 98,5 евра.
Студијата која ин витро и ин виво ја спроведе тим научници во Њујорк, Сан Франциско и Париз покажа дека лекот влијае на намалување на репликацијата на вирусот, што резултираше со 99-отстотно намалување на оптоварувањето во белите дробови на животните тестирани со „плитидепсин“, објави магазинот.
Веќе е одобрен на некои пазари
„Веруваме дека податоците со кои рапсолагаме и почетните позитивни резултати на клиничките испитувања на „ФармаМар“ укажуваат на тоа дека “плитидепсинот“ треба да се разгледа кога ќе има проширени клинички испитувања во лекувањето на Ковид-19““, пренесе Science.
Лекот, кој веќе е одобрен на некои пазари за лекување тумори, го блокира протеинот поврзан со вирусот корона.
Својството на лекот е да предизвика токсичен ефект на еден орган, органски систем или повеќе од нив, што е добро познато од претходно, а досега спорведените испитувања покажаа дека пациентите добро го поднесуваат.
„ФармаМар“ извести дека е во преговори со разни агенции кои ќе ѝ овозможат почеток на третата фаза на испитување на лекот.